за

Фудбалерите на Барса возат Cupra, најомилена е Formentor

Клеман Лангле, Миралем Пјаниќ, Серхино Дест и Педри се само дел од 16-те фудбалери на Барселона што добија службени возила од шпанската марка Cupra.

Фудбалерите на Барселона ги добија своите модели од спортската марка Cupra, произведени точно според нивните желби. Официјалниот автомобилски партнер на шпанскиот клуб им ги предаде новите возила на 16 фудбалери на Барселона, во присуство на Антонино Лабат, директор за стратегија и унапредување на бизнис на Cupra.

Босанскиот средишен играч Миралем Планиќ и францускиот одбранбен играч Клеман Лангле, младите играчи Оскар Мингеса и Роналд Араухо, како и новите играчи Педри, Франциско Тринкао и Серхино Дест се само дел од фудбалските имиња што ќе уживаат во своите модели од Cupra.

Фудбалерите на Барса неодамна имаа можност по дигитален пат да опремат совршен автомобил по свој вкус. Cupra им понуди цела гама возила, вклучувајќи го Formentor, првиот модел што е дизајниран и развиен исклучиво за спортската марка, како и две нови верзии од Cupra Leon, во две каросериски изведби, плус Cupra Ateca.

„Cupra и ФК Барселона сакаат да инспирираат нова генерација млади предизвикувачи од Барселона. Двете страни целиме кон нова ера полна со оптимизам и амбиции, додека во исто време го задржуваме препознатливиот стил и врните спортски перформанси“, изјави директорот Лабат при предавањето на клучевите.

Хибрид со 245 КС само за глобалниот амбасадор на Cupra, Марк тер Штеген

Повеќето фудбалери го избраа моделот што е назначен за официјален автомобил на ФК Барселона, CUPRA Formentor. За моделот со 310 КС и магнетик техно мат боја се решија Пјаниќ, Педри, Тринкао, Брајтвејт, Дест, Пуч и Мингеса. Пике ги избра истата боја и мотор, но ќе го добие својот Formentor малку подоцна, додека Араухо избра црвена боја и исто така мотор со 310 КС. Глобалниот амбасадор на Cupra, Марк тер Штеген, ќе вози хибриден модел со 245 КС и со магнетик техно мат боја.

Од Cupra Formentor постои и специјална верзија со петцилиндарецот на Audi со 390 КС, којашто е достапна во ограничена серија. Спортскиот кросовер е именуван според прочуениот рт на Мајорка.

Одбранбените играчи Лангле и Фирпо уште претходно ги добија своите примероци од Cupra Ateca, со кристал црна и родиум сива боја. Тој модел прв стартуваше под марката Cupra и во меѓувреме доживеа освежување. Со 300 КС, компактниот СУВ ужива ексклузивно место во својот сегмент.

>>> Пет цилиндри и 390 КС за најсилната Cupra Formentor

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pagani Huayra R по цена од 2,6 мио. EUR, во 30 парчиња

Уште еден електричен Audi: Фабриката во Цвикау почнува со Q4 e-tron