за

Бизнис по вообичаено во салонот на Citroen, попусти, брзи испораки

Citroen во јуни ја започна кампањата Easy Days, за своите моделски серии C3, C4 и C4 X. Со кампањата под мотото „лесно да се одлучиш“, македонскиот увозник привлече многу внимание на сцената.

Повторно е време на бизнис по вообичаено, „business as usual“, по бројните препреки што ковид и микрочиповите ѝ го приредија на автомобилската бранша – на возачките и возачите исто така. Јуни во салонот на Citroen помина во знакот на Easy Days, со попусти, испорака без чекање со месеци, со полн салон, со автомобили и купувачи.

Има нешто ново во салонот на Citroen, но пак сé е познато. Таков е впечатокот што се стекнува деновиве, по влегувањето во салонот на француската марка во нејзиниот традиционален дом на „аутоштрасе“. Моделите се познати, обележјата на Париз и на Франција се присутни насекаде низ салонот, тука се и потсетниците дека марката уште одамна се вбројува во клубот 100.

Новината се бројките што се напишани на графиката по мермерниот под. Повеќе од три години, браншата се соочуваше со вонредна состојба. Прва повлече ковид-кризата, потоа следеше недостиг од микрочипови за производителите на автомобили, затоа што светските гиганти во забавната електроника го откупија сето можно производство со години однапред – бидејќи на светот затворен дома, во ковид му беше потребна дополнителна електронска забава. Бидејќи сите (не)убави работи доаѓаат по три на број, следна беше воената состојба во Украина, што главно доведе до суштински прекини во логистиката во снабдувањето.

Тоа сега станува минато, и тоа се забележува во салонот на Citroen, како и општо во сите автомобилски салони. Автонова ги понуди своите три клучни моделски серии, C3, C4 и C4 Aircross во кампањата именувана Easy Days. Тоа е кампања што Citroen под ова име ја применува пошироко на европскиот пазар и што со името асоцира на „лесно е да се одлучиш“ – како што гласи слоганот на истата.

Главната атракција секако дека е C4 X, кросовер-лимузина што точно го погодува духот на македонскиот пазар, каде што народот историски има „слабост“ кон лимузинската форма. Изложениот C4 X, храбра креација што следи во инспиративната низа по отмениот C5 X, делува за нијанса попривлечно, затоа што е прв примерок што Автонова го изложува во еликсир-црвена боја. Таа е проверена „мамка“ за погледот кај C4, многу е веројатно дека нејзината делотворност ќе биде уште позасилена кај кросоверот во семејството C4 – поточно, кај лимузинскиот кросовер C4 X, затоа и самиот C4 е кросовер.

Сосем очекувано, македонскиот пазар покажа повеќе интерес за основната моделска изведба, којашто единствена е достапна со мануелен менувач. Сите останати изведби стандардно доаѓаат со 8-степениот автоматски менувач на Stellantis – одличен и „скап“ автоматик, што е направено да биде „евтин“ затоа што се вградува масовно во сите марки на концернот.

Акциската цена за C4 X со мотор 1,2 со 100 КС и ниво на опременост Feel изнесува 22.390 евра, со попустот од 1.500 евра – и со тоа што исто така стана важно во времето по ковид – со брза испорака. Опременоста е повеќе од примерна, со автоматски двозонски клима уред, средишен дисплеј од 10 инчи, елеткрична паркирна сопирачка, темпомат, систем за задржување во лента, камера за знаци, магланки, кожа на волан, и со Airbump, „спасителката“ за ламарината да не се оштетува на паркиралиште.

Во кампањата се опфатени и C3, којшто е со акциска цена од 14.990 евра за изведбата со 82 КС и опременост You, како и Citroen C4 со истиот мотор со 100 КС како C4 X, со опременост Live Pack, и еден од ретките модели во компакт класата што уште останува под 20.000 евра.

Уште едно облагородување во салонот, додека го снимавме материјалот, беше црн Citroen C3 Aircross со сите испочитувани можности за ставање личен печат што го нуди овој модел.

Тестот на Citroen C4 X

Тест · Citroen C4 X · Лимузина за возење по терен

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi доби нов шеф, Дусман заминува на 1-ви септември

Porsche 911 carrera 4s

Кадарот на Porsche раководи со марките на концернот Volkswagen