
Ситроен Ц5 очекувано привлече многу внимание, заокружувајќи го обновувањето на понудата од модели, по Ц3 и Ц3 Еркрос, и пратечките фејслифти на Ц4 и Ц4 Икс. Најголемиот Ситроен дојде, сцената го виде и моделот сега освојува, меѓу другото и со обезбедувањето на насловот на семеен автомобил на 2026 година во Португалија.
Ситроен Ц5 Еркрос, во својата целосно електрична изведба, победи во категоријата за најдобро семејно возило во изборот за автомобил на годината во Португалија. Сите погонски изведби на СУВ-моделот позициониран меѓу компакт и средна класа се електрифицирани, почнувајќи од 48-волтниот благ хибрид со 145 КС, преку приклучниот хибрид со 225 КС, до целосно електричната изведба со ознака е-Ц5.
Најценетата награда на автомобилската сцена во земјата што лани произведе преку 340.000 возила, се води како Кристален Волан на годината. Ситроен Ц5 Еркрос претходно ја раздвижи сцената откако беше избран меѓу седумте финалисти во изборот на Автомобил на 2026 година во Европа.
Победата во Европа сепак ја понесе електричниот Мерцедес ЦЛА, меѓутоа францускиот СУВ беше веднаш зад лимузината со сребрена ѕвезда според оцените на експертите, со 15 први места од членовите на жирито, наспроти 22 први места на ЦЛА.
Следната голема победа што Ситроен сака да ѝ ја соопшти на сцената е победата во португалскиот избор на Автомобил на 2026 година.
Ситроен во соопштението ја толкува наградата како „признание за врвните квалитето на моделот во сегментот на семејни возила, наглсувајќи го високото ниво на комфор, изобилството од просторност во внатрешноста, напредната технологија и електрифицираната мобилност.“
Жирито на Сегуро Директо Карос до Ано е составено од специјализирани новинари што ги претставуваат водечките национални медиуми. За победата решаваат оцените што автомобилите ќе ги добијат за дизајнот, иновативноста, квалитетот, штедливост, перформасите, комфорот и погодноста за португалскиот пазар.
Ситроен Ц5 во меѓувреме беше на тест во Аутомедиа, во изведбата со благ хибриден погон со 145 КС и со врвното ниво на опременост Макс.















