Ситроен надмина 50.000 продажби во Шпанија, цел месец пред завршетокот на годината

Главната заслуга за растот во продажбата на Ситроен во Шпанија ја носи кросоверот Ц4, со новиот стил, со 12.400 возила и продажба зголемена за близу четвртина.

Ситроен Ц4 на тестот во Аутомедиа

Во речиси секој пазарен сегмент, Ситроен има по еден свој модел меѓу 10-те најуспешни автомобили во Шпанија годинава. Одлично врви и продажбата на целосно електричните модели.

Шпанскиот огранок на Ситроен јавува за позитивна динамика во продажбата на француската марка во Шпанија во изминатите единаесет месеци од 2025 година.

Најголемата гордост е Ситроен Ц4, којшто е најпродаван модел од компактната класа во Шпанија годинава, со продадени 12.600 примероци, што претставува раст од 22,6 проценти во споредба со лани. Секој десетти продаден автомобил од компакт класата во Шпанија до декември, е Ситроен Ц4, покрај уделот од 10,2 проценти.

Освежувањето коешто го доживеа моделот во почетокот на годинава очигледно вродува со плод, во време кога повеќето марки наидуваат на потешкотии да ја зголемат својата продажба. Аутомедиа во јануари присуствуваше на првото возење на Ц4 во Шпанија, а моделот неодамна беше и на редовно тест возење во редакцијата. Ц4 воедно се произведува во фабриката на Стелантис во Мадрид и е домашен модел.

За единаесет месеци, Ситроен продаде вкупно 51.346 возила на шпанскиот пазар на патнички и доставни возила, постигнувајќи пазарен удел од 4,2 проценти.

Најпродаваниот модел ја носи истата титула и на македонскиот пазар, каде што продажбата е далеку над 200 возила и со тоа се вмешува во трката за најпродаван модел во 2025 година во Македонија. Во Шпанија, бројките се малку поинакви, со 13.282 продадени примероци од Ситроен Ц3 до последниот месец од годината.

Дури и електричната изведба е-Ц3 постигнува одлични продажби, со 2.091 примероци до декември. Тоа му носи вицешапионски наслов на шпанскиот пазар на возила од Б-сегментот. Од електричните браќа и сестри, на тоа доаѓаат уште 501 примерок од изведбата на е-Ц4, што вози целосно на струја, и уште 422 примероци од четирициклот Ами.

Меѓу моделите на струја, секако се издвојува Ц3 Еркрос, со 84 продадени примероци во октомври, односно вкупно 464 примероци до декември. Со тоа, СУВ-моделот на струја е меѓу Топ 10 автомобили во сегментот.

Претходна објаваПо Селтос, Киа најави премиера на уште еден важен модел во јануари
Следна објаваОд Џагјуар Ленд Ровер: „Не го отпуштивме Џери Мекгаверн“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here