„Неточно е дека сме го прекинале работниот однос со Џери Макгаверн и немаме намера понатаму да ги коментираме шпекулаторските приказни,“ наведе британскиот производител на автомобили Џагјуар Ленд Ровер во соопштението издадено на 12-ти декември.
Од Џеј Ел Ар сепак не соопштија дали Мекгаверн и и натаму работи за компанијата.
Соопштението од Џел Ел Ар следи по десетина денови, откако изданието на Аутокар за Индија, објави вест дека Мекгаверн бил отпуштен и „испратен од канцеларијата.“ Индискиот медиум притоа се повика на извори што се запознаени со случувањата во матичната компанија Тата Моторс, којашто е сопственик на Џеј Ел Ар.
Веста на Аутокар Индија ја презедоа медиуми од цел свет, меѓутоа од Џагјуар Ленд Ровер тогаш не одговорија на барањата од медиумите за потврда на информацијата.
Првичниот молк на Џеј Ел Ар беше сфатен како потврда дека веста е веродостојна, што понатаму предизвика бран од реакции, по наглото прекинување на кариерата на човекот којшто раководеше со контроверзното ребрендирање на марката Џагјуар и кој ја обнови понудата од модели на Ленд Ровер, со модели каква што е новата генерација на теренецот Дефендер.
„Отпуштањето на Џери Мекгаверн претставува не само завршеток на брилијантната доминација на креативноста во Џел Ел Ар во изминатите две децении, туку и голема пресвртница за самиот Џагјуар,“ напиша на 2-ри декември на својот блог Дејвид Бејли, професор по бизнис економија на Универзитетот за бизнис во Бирмингем.
[the_ad id=”85764″]
Бројни коментатори реагираа изненадено од тоа што Мекгаверн бил наводно отпуштен пред лансирањето на новиот целосно електричен модел на Џагјуар, што треба да се случи в година и што беше најавен преку концептниот автомобил Тајп 00.
Мекгаверн (69) во 2020 година беше унапреден да го надгледува дизајнот на двете марки, Џагјуар и Ленд Ровер, откако во 2006 година почна да работи како шеф на дизајнот на Ленд Ровер.

Џагјуар Тајп 00
Најновото дело на Мекгаверн, дизајнот на концептниот автомобил Џагјуар Тајп 00, предизвика критики по друштвените мрежи, од страна на традиционалните клиенти на марката и на експертите.
















