Кога Французите пишуваат Rip Curl на своите модели, тоа значи дека станува збор за специјална серија, којaшто е дотерана и со екстра опрема, и со ексклузивни детали во изгледот. Ова е третата варијанта Rip Curl што во својата моделска историја ја доживува кросоверот C3 Aircross. Наследник на „Picasso“, патем.
Капи на ретровизорите во ефектна сина боја, црни тркала со дизајн Origami Black и пречник од 17 инчи, и затемнети задни прозорци, го идентификуваат Citroen C3 како најново издание на Французите под ознаката Rip Curl. Нарачките стартуваат на 1-ви јули, а испораката ќе следува во септември.
Посебни детали, покрај ретровизорите и додатоците во браникот што се дел од колор-пакетот во Anodised Blue, претставуваат и седиштата обложени со Blue Jeans, заедно со уште неколку површини во кабината. Идејата е сината боја да се поврзе со небото и со морето.
Серијата во ограничен број примероци Rip Curl е достапна само во највисокото ниво Shine. Мајсторија на проект менаџерите е тоа што повеќе од 60 проценти од продадените возила од моделот се во тоа ниво. Покривот е црн и за контрастот да биде уште повпечатлив, во серијата се нудат само четири бои: Артенс сива, платинесто сива, перла црна и поларна бела боја. Логото Rip Curl не се пропушпта во долниот дел од задните врати.
https://photos.app.goo.gl/i8wBGVq8tmyoKQoy6
Дизајнот на седиштата е уште една посебност на Rip Curl. Секако, во моделот се вградуваат седиштата со унапреден комфор во споредба со стандардните седишта, обложени со допонителни 15 mm материјал. Опременоста е повеќе од комплетна, со 9-инчен средишен дисплеј, проекциски дисплеј во боја, пристап и старт без клуч и безжично полнење телефон.
Од стартот во 2017 година, Citroen C3 Aircross се докажа како еден од клучните играчи во сегментот и достигна повеќе од 430.000 продадени примероци. Соработката на Citroen со Rip Curl започна пред близу шест години, со сега веќе легендарниот C4 Cactus. Првиот C3 Aircross од оваа специјална серија беше понуден во 2018 година, а потоа следеше уште една верзија во 2020 година.
А, кога веќе зборуваме за Rip Curl:
https://photos.app.goo.gl/DcQ4gC5GgoAWfD5L6
https://photos.app.goo.gl/uJHcPJVWWSWAD4JVA
https://photos.app.goo.gl/LJKph4NvgKyM6NuH8
https://photos.app.goo.gl/aWGzmMaob65KGFGX7
https://photos.app.goo.gl/ReBE5s1xTTsmzRWP6
https://photos.app.goo.gl/RSQQir7mi6AhT7jy9
https://photos.app.goo.gl/u5nsk2E8DMWd9RJ79
https://photos.app.goo.gl/yBijeg5ccVBScUyb6
https://photos.app.goo.gl/vhC8SPWdG9nGUEEh7
https://photos.app.goo.gl/Jz7XadpPPMHK2p3a6
https://photos.app.goo.gl/c1b697opoidZdktc8
https://photos.app.goo.gl/akB5DrnjkwoiF15r6
https://photos.app.goo.gl/ay19dT2p3YzzpBSu7
Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

















[…] Специјалните серии се специјалност на Citroen: C3 Aircross Rip Curl […]