Впечатливата и наградувана архитектура на објектот и неговата околина, прави музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт да биде привлечно и посетено место за одржување настани. Без пандемиски ограничувања и маски, нормално е дека летово на просторот на музејот ќе се надомести за сé што било пропуштено. Mercedes-Benz најавува најбогата и најразновидна програма на отворено.
Сезоната на големи настани на отворено во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт уште во април ја отвори средбата на олдтајмери „Classics & Coffee“. Забавата и уметноста допрва почнуваат. По две години без големи собири, на големата фестивалска бина на музејот на Mercedes-Benz ќе се одржи четвртото концертно лето. На 9-ти јули гостува шпанскиот пејач Алваро Солер, а следниот ден е на раперската ѕвезда Сидо.
Од 19-ти август до 4-ти септември ќе се прикажуваат филмови во киното на отворено, вклучлувајќи ги бондовскиот No Time to Die, Batman, King Richard, Dune, Thor – Love and Thunder и уште бројни врвни достигнувања од светот на големото платно.
Секако дека сé се врти околу автомобилите. Следи комплетниот преглед од настани од областа на автомобилизмот што ќе се одржат во историскиот дом на Mercedes-Benz:
29-ти мај 2022 – Camper
25-ти јуни 2022 – „Baby-Benz“ (Серија W 201)
14-ти јуни 2022 – 55 Jahre AMG („AFTERWORK“)
17-ти јуни 2022 – Mercedes-Benz SL
18-ти август 2022 – CLK, A-, M-Klasse („AFTERWORK“)
25-ти септември 2022 – Outdoor-Special
2-ри октомври 2022 – Mercedes-Benz SL
9-ти октомври 2022 – Mercedes-Benz S-Klasse
Германија летово ќе привлече дополнителни туристи, меѓу другото и поради воведувањето на прочуениот 9-Euro-Ticket. Станува збор за карта по цена од 9 евра, којашто дозволува користење кое било средство од јавниот превоз, на која било релација во земјата. Вистинската сензација е во тоа што билетот има важност од цел месец. Примената на билетот започна на 1-ви јуни и реакциите се феноменални.