за

Citroen Ami за една година привлече 6.500 купувачи во Франција

Еден од најоригиналните автомобили на пазарот, што реално е четирицикл, наидува на добар помин. Велика Британија се приклучува в година.

Citroen Ami, еден од автомобилите со најрадикален концепт и со големото моделско име на француската марка, на пазарот е една година. Електричниот четирицикл се продава на само неколку пазари, но се продава добро.

Две седишта, минимални димензии, покрив над глава и електричен погон, проследено со марка со моќен иноваторски имиџ, сосем се доволни за еден автомобил да постигне успех во драстично сменетата денешница. Купувачите и корисниците на Citroen Ami повеќе гледаат во овој четирицикл лесен, необврзувачки, модерен, безбеден, и најважно, чист превоз.

За една година, Citroen Ami се продаде во повеќе од 9.000 примероци во Европа (6.500 во Франција, 2.000 во Италија итн). Нова е доставната верзија My Ami Cargo. По стартот во Франција, Ami од пролетоска се продава во Италија, Шпанија и Белгија, а од летово е достапен и во Португалија. Потврдено е дека од следната година, Ami ќе се продава и во Велика Британија. Тамошната сцена веќе го награди француското микро-возило, во рамките на „GQ Car Awards 2021“ и „Auto Express New Car Awards“.

Дури 85% од корисниците би го препорачале Citroen Ami на свои блиски

Препознатливото, достапно, „нештетно“ возило со својот имиџ им одговара и на компаниите од најразлични дејности. Нив им е важно да го намалат сопствениот CO2-отпечаток и секако им е важна ниската цена за набавка и користење на возилото. Освен во петте земји во коишто се продава, Citroen Ami е присутени во проекти за одржливост во Грција и Турција. 

Citroen препознава три профили на семејства на корисници. Едните се семества со деца што живеат во мал град или на село, и ги ценат противвредноста и слободата на движење. Тие обично имаат повеќе возила во семејниот возен парк. Втората група се тинејџери почнувајќи од возраст од 14 години, кои со Ami добиваат независност, но и поголема заштита во споредба со велосипед или скутер – за и родителите да бидат поспокојни. Третата група се „градски талкачи“, свесни за животната средина и ги привлекува електричниот погон на Citroen Ami, што им нуди можност да го заменат градскиот превоз со возило точно според нивната замисла и потреба.

Французите го нудат Citroen Ami во седум изведби. Осум од секои десет купувачи избира варијанта што е облагародена со детали во впечатливи бои

Електричниот микромобил може да се изнајмува по месечна рата во висина од 19,99 евра во Франција. Ami може да се нарача 24 часа во денот, 7 денови во неделата, преку онлајн-продавницата store.citroen.fr/ami

>>> Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачка дозвола во телефонот од денес во примена во Германија

Последниот не-електричен автомобил во Норвешка ќе се продаде во 2022 година