Поради недостиг од чипови ќе се произведат пет милиони возила помалку

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Недостигот од полупроводници, според една актуелна студија, годинава ќе предизвика намалување на продукцијата на автомобили за пет милиони примероци. До крајот на годинава, се очекува светската продукција да достигне 74,8 милиони возила. Тоа ќе бидат за 9,3 проценти повеќе возила отколку во ланската корона-година. Но, требаше да бидат многу повеќе.

Доколку автомобилската бранша годинава не се соочеше со недостиг од чипови, можеше да се очекува во сите фабрики во светот да се произведат околу 80 милиони возила. Така цени германскиот Центар за автомобилско истражување во Дуизбург.

Во студијата на Центарот се земени превид сите досегашни и идни скусувања на продукцијата на автомобили. Таа заклучува и дека ситуацијата ќе се влоши во второто полугодие: „Роковите на испорака ќе се продолжуваат, а прекини во продукцијата ќе има и во 2022 година.

Во првите пет месеци од годинава, светскиот автомобилски пазар пораснал за 34 проценти во споердба со истиот период лани. Порастот ќе забави во втората половина од годината, ценат експертите од институтот во Дуизбург. Здружението на производители на автомобили во Германија, денес излезе со нова прогноза за домашната продуција, којашто е намалена од 4,0 на 3,6 милиони возила.

Предвидувањата на институтот укажуваат дека проблемите на автоиндустријата со недостигот од чипови ќе траат до почетокот на 2023 година. Но, потоа следи ново тесно грло. На производителите ќе им недостигаат батерии за електрични автомобили. Периодот во којшто побарувачката за литиум-јон батерии ќе биде повисока од понудата, сепак ќе трае релативно кусо.

Претходна објаваНовиот Mercedes C-Class стандардно доаѓа со изобилство од опрема
Следна објаваOpel по 2028 година ќе продава само електрични возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here