за

Chevrolet Corvette Stingray во октомври стартува во Европа

Chevrolet во октомври ќе започне со европска продажба на актуелната генерација на Corvette Stingray со средишно вграден мотор.

Купувачите ќе можат да избираат меѓу 16 моделски изведби од серијата „Launch Edition“, со осум купе и кабриолет изведби, во најомилените бои и комбинации на опрема. Цените ќе стартуваат од 99.000 евра, за кабриолетот треба да се доплати 7.000 евра.

Срцето на Stingray е најновата генерација на 6,2-литарскиот Small Block-мотор, кој е единствен атмосферски мотор V8 во својата класа. Моќноста изнесува 475 КС при 6.450 вртежи во минута, а вртежниот момент достигнува максимум од 613 њутнметри при 4.500 вртежи. Европската изведба забрзува за 3,5 секунди до темпо сто. Крајната брзина изнесува 296 km/h.

Автомобилите за Европа стандардно се опремуваат со перформанс-пакетот Z51. Во пакетот спаѓаат суспензија со мануелно дотерување на пружините, сопирачки Brembo со поголеми дискови и со канали за ладење во браникот, електронска блокада на диференцијал, скусен краен преносен однос, спортски издув и пакет спојлери, како и спортски гуми Michelin.

Комфорната и функционалната опрема исто е побогата во споредба со моделите за американскиот пазар. Проекциски дисплеј со навигација, озвучување Bose со 14 звучници, задна камера и седишта со греење и проветрување се стандард. Оваа варијанта ќе биде достапна дури во почетокот на следната година. Моделите од серијата Launch Edition располагаат со највисокото ниво на опрема и со карбонски детали за каросеријата.

Chevrolet Corvette првпат во 67-годишната историја се произведува и во верзија со десен волан.

>>> Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роботи-помагачи се движат самостојно во фабриката на Seat

Овој Audi нема бројка: E-tron GT со 598 електрични КС