Јапонските производители ќе претрпат штета од 19 милијарди долари поради царините во САД

САД се најголем пазар за главните јапонски производители, со фабрики во Мексико или во Канада, од каде што автомобилите понатаму се извезуваат преку границата. На сликата: Мазда Ц Икс 50 во Мексико

Најголемите автомобилски марки објавија предупредување до берзите, дека финансиските резултати годинава ќе бидат послаби, земајќи ги предвид трошоците коишто ќе произлезат од политиката на Трамп за увоз на автомобили и делови, што постојано трпи промени.

Влијанијата ќе се чувствуваат веројатно уште долги години, бидејќи неизвесноста ги наведува производителите на автомобили да ги сменат своите планови за вложување и производство во Северна Америка.

Тојота веројатно ќе биде погодена најсилно. Во минатата седмица, Тојота објави дека очекува оперативната добивка да биде пониска за 1,2 милијарда долари, само за периодот на април и мај. Според Блумберг Интелиџенс, вредноста за цела фискална година веројатно ќе достигне 10,7 милијарди долари.

Нисан и Хонда направија процена дека ќе бидат оштетени по 3 милијарди долари, секој. Субару, што увезува околу половина од возилата што ги продава во САД, исто така не излезе со прогнози за деловните резултати за тековната година и предвиде трошок од 2,5 милијарди долари. Мазда не објавува какви било прогнози за годинава.

Повеќето возила што се увезени во САД подлежат на царина од 25 проценти, по 3-ти април. Истата царинска стапка важи и за деловите за автомобили, односно за увоз на компоненти што потоа се вградуваат во фабрики во САД, којашто стапи на важност еден месец подоцна, на 3-ти мај. Постојат неколку одредби со коишто се избегнува двојно царинење, меѓутоа без оглед на тоа, автомобилите во САД ќе поскапат по неколку илјади долари.

САД се најголем пазар за главните јапонски производители на автомобили, коишто од фабриките во Канада или во Мексико извезуваат преку границата. Увозните царини што ги воведе Трамп направија оваа практика на јапонските производители да биде несплатлива. Компаниите се во неизвесност и бараат начини да ја реорганизираат својата мрежа од добавувачи, за да се избегнат царините во САД.

Единствена надеж на јапонските производители е дека трговските преговори ќе вродат со плод и ќе се смалат царините. Во текот на месецов е планирано забрзано да се водат преговори со САД.

Премиерот Шигеру Ишиба вети дека ќе одбие каков било договор, доколку во тој договор не се вклучени царините за автомобили, имајќи ја предвид важноста на браншата за целата јапонска економија.

Во меѓувреме, компаниите почнаа со чекори за реорганизација на своето присуство на пазарот во САД.

Хонда неделава соопшти дека ги одложила на две години своите планови да потроши 11 милијарди долари за изградба на мрежа од добавувачи на делови за електрични автомобили во Канада. Во тој план се предвидува и фабрика што ќе произведува 240.000 возила годишно. Дел од производството на хибридната верзија на Сивик веќе се префрлува од Јапонија во САД.

Околу 40 проценти од 1,4 милион автомобили што Хонда ги продаде во САД во 2024 година, пристигнаа од увоз, дознава Блумберг Интелиџенс.

Тојота планира да ги зголеми своите производствени капацитети во Соединетите Држави

Субару во меѓувреме соопшти дека ги проверува сите свои планови за инвестирање, коишто вклучуваат и развој на електрични авотмобили. Нисан запре со примање нарачки за своите СУВ возила што се произведени во Мексико, додека Мазда го запре извозот за Канада на моделот што се произведува во фабриката во Алабама, а којашто е заедничка инвестиција со Тојота.

[the_ad id=”85764″]

Тојота во моментов ја разгледува ситуацијата на подолг рок. Јапонскиот производител не изврши преселување на производството откако се на важност новите царини. Извршниот директор Коџи Сато во минатата седмица изјави дека планира на среден или подолг рок да го прошири својот производствен отпечаток во САД.

Царините се посебно голем удар врз Нисан, којшто е зафатен во најголемата криза во последните 25 години. Нисан објави скусување на работната сила за 20.000 лица и затворање седум фабрики ширум светот.

Претходна објаваФабриката на Нисан во Обединетото Кралство има обезбедена иднина
Следна објаваЕлектричниот пикап на Форд почна да се продава подобро од Тесла Сајбертрак

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here