Четири брзи полначи на ЕВН годинава, најбрзите работат со 180 кВ

Уште два брзи полначи се придружуваат во мрежата на ЕВН, по еден во Скопје и Кичево, најбрзите досега. Со оваа моќност, електричен Порше Кајен полни за 30 минути.

ЕВН досега има поставено 14 брзи и 44 обични полначи низ цела Македонија; Најбрзите работат со 180 киловати

ЕВН од почетокот на годинава постави четири брзи полначи за електрични автомобили. По Битола и Скопје, летово на располање ќе стојат уште две нови одредишта, едното во Кичево, другото во скопска Кисела Вода. Вкупно четиринаесет брзи полначи, и уште четириесет и четири обични полначи.

Двете нови одредишта за возачите на електрични автомобили ги нудат досега најбрзите ДЦ-полначи во мрежата на ЕВН, со моќност од 180 киловати.

Оваа моќност овозможува еден престижен електричен модел, како Порше Кајен Електрик, со батерија од 113 киловатчасови, да постигне наполнетост од 80% за точно 30 минути и да има енергија за следните 500 километри.

Едниот брз полнач е поставен на неодамна обновената станица за горива на Макпетрол во скопска Кисела Вода, на станицата кај Расадник, додека вториот брз полнач се наоѓа на магистралниот пат на излез од Кичево кон Охрид.

Сите брзи полначи на ЕВН во Македонија

Град

Локација

Скопје Макпетрол, Кисела Вода

ТАВ Македонија – Скопје

Макпетрол, Визбегово

Лазар Личеноски х 2

Кичево Макпетрол, Магистрален пат кон Охрид
Битола ул. Прилепска, Макпетрол
Куманово ул. 11-ти Октомври бр. 91, Макпетрол
Неготино ул. Железничка бр. 12, Макпетрол
Охрид Кеј, спроти Хотел Гарден
Прилеп Магистрален пат, кон Битола
Струмица Бул. Гоце Делчев 115, Макпетрол
Гевгелија Граничен премин Богородица, Макпетрол х 2

 

Forthing S7 REEV · Најбензинскиот електричен автомобил на пат од 750 км низ Македонија

Претходна објаваФолксваген со возила од Кина ќе го освојува пазарот во Узбекистан
Следна објаваФерари демантира дека ги условува купувачите на ексклузивен модел да докупат по еден Луче

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here