Ферари демантира дека ги условува купувачите на ексклузивен модел да докупат по еден Луче

Ферари не ги условува клиентите да го купат контроверзниот електричен модел Луче и со тоа да стекнат право на новите модели од ограничена серија, изјави директорот за маркетинг Енрико Галиера.

Критиките за Луче, електричниот автомобил на Ферари, досегаат од споредба со правосмукалка до гумени кломпи. Околу техниката никој не спори.

При претставувањето на новиот модел во минатата недела, Галиера ја демантираше објавата на Блумберг, дека купувањето на Луче, првиот електричен модел на Ферари, со цена од 550.000 евра, е услов за стекнување право на најскапите модели на Ферари од ограничена серија. Тој напомена дека притисок од таков вид би бил „голема грешка“.

„Би ризикувале да создадеме негативни амбасадори, кои ќе зборуваат лошо за Луче и ќе го продадат по неколку месеци“, додаде Галиера.

„Тоа ќе ја уништи неговата вредност при продажба, а секторот на луксузни електрични возила денес се соочува точно со тој проблем.“

Ферари традиционално го следи системот на давање предимство на одредени клиенти, посебно кога се работи за модели од ограничени серии. Обично им се дава предност на долгогодишни клиенти, на сопственици на повеќе возила, како и на клиенти што учествуваат на настани што ги организира Маранело и ги задржуваат возилата подолго време.

Галиера кажа дека Ферари отсекогаш им напоменувал на своите дилери и клиенти, дека Луче треба да им се продава само на тие што „навистина се мотивирани да го купат.“

„Нашата порака до мрежата беше: проверете дали секој што прашува за овој автомобил навистина го сака и не го купува само за да го одоброволи Ферари, затоа што се надева да го искористи тоа за друг модел,“ кажа директорот.

Секој втор купувач на Ферари во 2025 веќе има најмалку два модели од Маранело

Повеќето купувачи на Ферари обично поседуваат повеќе од еден модел. Во 2025 година, Маранело испорача 84 проценти од продадените автомобили на клиенти што веќе поседуваат Ферари, од коишто 56 проценти имаат повеќе од еден модел од италијанската марка.

Електричниот Луче ја имаше својата светска премиера во минатиот месец и предизвика бура од негодување на друштвените мрежи.

По неколку денови од премиерата, извршниот директор Бенедето Виња кажа дека Ферари предизвикал „голем интерес“ за автомобилот, како од постоечките, така и од новите клиенти. Оттогаш не се соопштени понатамошни информации за примениот број на нарачки за Луче. Шефот најави дека точните бројки ќе ги објави на завршетокот на јули, заедно со резултатите за второто тромесечје.

Претходна објаваЧетири брзи полначи на ЕВН годинава, најбрзите работат со 180 кВ
Следна објаваЕлектричниот Рено Меган доби нова батерија, досег до 500 км и полни за 24 минути

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here