Во време кога светскиот автомобилски пазар претрпува најголеми промени, со подемот на Кина и во исто време падот на Кина, како најголем извозен пазар за традиционалните производители, во време и кога САД притиска за останување на нафта, големите производители мора да менуваат. Фолксваген ги извезува Џетите произведени во Кина, на растечкиот пазар во Узбекистан.
Волфсбург цени дека со почетокот на продажбата на матичната марка Фолксваген и на кинеската марка Џета на пазарот во Узбекистан, се постигнува важна пресвртница. Огранокот на марката Фолксваген во Кина, првпат освојува извозен пазар и го покрива со возила што се произведени во Кина.
Овој чин беше одбележан свечено за време на светскиот форум во Ташкент. Меѓу високите гости беа претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, претседателот на Република Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, како и извршниот директор на Фолксваген Кина, Роберт Чисек.
Узбекистан е уште еден важен пазар во чиешто освојување поаѓа Фолксваген. Основа за овој чекор е производството на возилата во Кина, како моќна и ефикасна индустриска база.
Во моментов се разгледуваат можности, за марката Џета – со името на славната лимузинска изведба на Голф – да се понуди и на пазарите во Југоисточна Азија, на Средниот Исток, во поранешните советски републики и на неколку пазари во Африка. Целта е Фолксваген да продолжи да јакне во светски рамки.

Близу половина продадени возила лани, двојно зголемување за пет години
Со 38 милиони жители, Узбекистан се вбројува меѓу автомобилските пазари од регионот на централна Азија, што постигнуваат најголем раст. Побарувачката за возила е зголемена двојно во споредба со 2021 и во минатата година во земјата беа продадени преку 461.000 возила.
Фолксваген не го пропушта овој пазарен замав и ќе ја проширува својата салонска мрежа низ земјата. До завршетокот на годинава во Узбекистан ќе работат вкупно 13 салони на Фау Ве, со план до 2028 година да се удвои бројот на салони.
Понудата од модели ги опфаќа Тигуан Л Про, Пасат Про и Терамонт Про, како и модели од марката Џета. Како следен чекор се планира и локално производство. Во престолнината Ташкент уште годинава ќе почне монтажа на возила од полуготови модули.
















