за

БМВ ќе го произведува електричниот СУВ-модел од „Ное Класе“ во Унгарија

Баварската марка ветува „квантен скок“ во асистираното возење кај серискиот СУВ-модел што ќе произлезе од концептниот автомобил Вижн Ное Класе Икс.

Вижн Ное Класе Икс има исправен и коцкест нос. Маската со бубрезите, како заштитен знак на марката, изведена е како „тридимензионална скулптура“ со вертикални контури со заднинско осветлување.

Концептниот автомобил Вижн Ное Класе Икс го најавува првиот од серијата СУВ-модели н БМВ што ќе располага со напредни способности за самостојно возење. Две коси ЛЕД-ленти ги заменуваат парот тркалезни светла.

БМВ ја врати традиционалната маска со бубрези кај вториот концептен автомобил со којшто ја најавува идната серија модели што ќе бидат конструирани врз новата платформа за електрични автомобили „Ное Класе“. Овој чекор следи откако претходно прикажаната лимузинска изведба се појави без традиционалните бубрези.

Конпцептниот СУВ-модел со име Вижн Ное Класе Икс беше прикажан за време на објавувањето на годишните деловни резултати на БМВ, на конференцијата што се одржа во четвртокот. Новиот модел се појавува како продолжение на лимузината Вижн Ное Класе што беше прикажана лани на салонот за мобилност ИАА во Минхен.

Двата концепти најавуваат два модели од средната класа со батериски електричен погон, чиешто производство треба да отпочне в година. Вижн Ное Класе Икс ќе се произведува во новата фабрика на БМВ во Дебрецин, Унгарија. Лимузината ќе се произведува во фабриката на БМВ во Минхен. Баварците го објавија планот уште на 10-ти јануари.

Дизајнот на Вижн Ное Класе Икс повторно ја става во прв план маската со бубрезите на БМВ, откако таа беше отстранета кај лимузинскиот модел.

Традиционалните вертикални елементи во маската се придружени со ЛЕД светла што не се толку впечатливи како кај останатите модели од последниот бран, на пример луксузниот електричен СУВ-модел иИкс.

БМВ откри повеќе детали околу платформата Ное Класе, којашто ќе ја користат низа клучни модели на марката, вклучувајќи СУВ-модели, лимузини и лимузински деривати, соопшти извршниот директор Оливер Ципсе.

Четири моќни „суперкомпјутери“ ќе контролираат различни подрачја од функциите на автомобилот, вклучувајќи ги и функциите за автономно возење. Во развојот на тие функции учествуваше производителот на микрочипови Квалком. Компјутери исто така ќе ги надгледуваат погонот и возната динамика.

Автомобилот ќе постигне „квантен скок“ во асистираното возење, најавува БМВ. Марката претходно објави околу способностите на платформата да постигне 2+ ниво на автономно возење, без дланките да мора да бидат на воланот, како и командување со очи и ограничено 3-то ниво на автономно возење.

Со функциите на концептот Вижн Ное Класе Икс се управува преку средишниот дисплеј, преку копчиња на воланот и преку гласовни команди.

Електричниот погон располага со нов 800-волтен систем што ќе овозможи брзо полнење на енергија за 300 километри за време од само 10 минути, кажуваат од БМВ.

Платформата Ное Класе користи нови цилиндрични батерии, за коишто се трвди дека постигнуваат за 20 проценти повисока енергетска густина од тековните батериски ќелии во форма на призма што ги користи БМВ. Тоа ќе овозможи досегот да се зголеми за 30 проценти во споредба со тековните електрични модели што марката го има во понуда.

Физичките команди за ракување во внатрешноста на Вижн Ное Класе Икс се сведени на најмала можна мера. Со функциите на возилото се ракува преку средишниот дисплеј, преку копчињата на воланот и преку гласовни команди.

Информациите ќе се пренесуваат и на лентатата што БМВ ја нарекува Панорамска Визија и го надополнува проекцискиот дисплеј. Оваа лента се протега по целата ширина на ветробранот, односно го вклучува и делот пред совозачот.

Боите на лентата се менуваат зависно од режимот на возење што ќе го избере возачот. БМВ го нагласува и системот з Персонално Звучно Искуство што произведува разни звуци.

Компанијата вложува две милијарди евра во новата фабрика за батерии и монтажа на возилата од Ное Класе во Дебрецин, Унгарија

Извршниот директор на БМВ, Оливер Ципсе, во четвртокот кажа дека сериските примероци од Ное Класе Икс ќе почнат да излегуваат од фабриката во Дебрецин во втората половина од 2025 година. Лимузината од минхенската фабрика ќе стартува во 2026 година.

Автомобилите од Ное Класе ќе се произведуваат и во Шенјанг, Кина, почнувајќи од 2026 година. Во фабриката на БМВ во Мексико, во Сан Луис Потоси, новата генерација почнува во 2027 година, за оттаму непосредно да се покрива пазарот во Северна Америка.

Задните светла на Ное Класе Икс поседуваат 3Д-печатени елементи и се издолжуваат кон средината. На тој начин се создава традиционалната Л-шема на БМВ.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Херц го смени шефот што нарача сто илјади електрични автомобили Тесла

Купра стартува во САД најдоцна до 2030 година