Херц го смени шефот што нарача сто илјади електрични автомобили Тесла

Херц привлече внимание во светот кога најави дека има намера да нарача сто илјади електрични автомобили од Тесла, а потоа уште толку електрични автомобили од Џенерал Моторс и Полстар.

Пресвртница во Херц, светскиот гигант во изнајмувањето возила. Сега сé почнува од ново, почнувајќи од нов шеф.

Во компанијата за изнајмување автомобили Херц дојде до смена на шефот, откако претходниот шеф сите карти за иднината ги стави на електричните автомобили. Од 1-ви април, шефовското место ќе го преземе Гил Вест, кој до неодамна раководеше со оперативниот бизнис во фирмата за роботско такси Круз. Досегашниот шеф Стивен Шер се повлече од функцијата, соопшти Херц.

Херц продава една третина од електричните автомобили во својот возен парк

Херц привлече големо внимание кога во есента 2021 година најави дека ќе купи 100.000 електрични автомобили од Тесла. Кога Шер го презеде шефовското место пред две години, тој нарача уште толку: Од Џенерал Моторс требаше да се нарачаат 175.000 електрични автомобили и уште 65.000 од Полстар.

Во почетокот на годинава, Херц префрли во рикверц. Се продава една третина од електричните автомобили што Херц ги има во својот возен парк ширум светот. Дел од парите од продажбата ќе се користи за купување автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Во САД годинава ќе се продадат 20.000 електрични автомобили од разни марки. Херц пресмета дека со тоа ќе направи загуба од 245 милиони долари, меѓутоа напомена дека истата ќе биде надоместена преку оперативната добивка од замената на електричните автомобили.

Поправката на електричните автомобили на Тесла чини двојно повеќе отколку на обичните автомобили

Како причина е наведено дека намерата е понудата да се донесе во чекор со побарувачката. Дополнителен проблем беше тоа што фирмата на Илон Маск неколкупати ги поевтини возилата. Со тоа значително се смали вредноста на возилата што Херц требаше да ги продаде по истекот на нивниот век на користење во рентакар. Згора на тоа, поправката на штета кај електричните автомобили на Тесла чинела двојно повеќе отколку кај автомобилите со обичен погон. Секако дека и тоа влијаеше за да се смали рентабилноста на возилата на Тесла во служба на Херц.

Херц во пандемијата се најде во стечајна постапка, поради тоа што беа прекинати службените и туристичките патувања. Во летото 2021 година, финансиските инвеститори стартуваа со вложување милијарди во компанијата. Херц тогаш исто така продаде илјадници возила од својот возен парк, кога поради долгите рокови на испорака на новите возила, значително поскапеа користените автомобили.

Претходна објаваФормата пред моторот: Мерцедес-АМГ со дволитарец за пуристи
Следна објаваБМВ ќе го произведува електричниот СУВ-модел од „Ное Класе“ во Унгарија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here