за

BMW M GmbH лани испорачал рекордни 144.218 возила

Уште еден продажен рекорд на M-тркачите, BMW го држи врвот во продажбата во сегментот на модели со високи перформанси.

BMW M GmbH лани испорачал рекордни 144.218 возила

Нов рекорд на BMW M GmbH според бројот на продадени возила. Во време на корона, BMW лани ја зголемил продажбата на моделите од својот спортски M-огранок, со вкупно 144.218 возила или за 6,0 проценти повеќе од претходниот рекорд.

BMW M GmbH, кој во меѓувреме се води како посебна марка во концернот од Минхен, преклани првпат стана најпродавана марка возила со високи перформанси. Позицијата беше одбранета и во минатата година. За зацврстувањето на позицијата најмногу придонесе воведувањето на новите модели BMW X5 M и BMW X6 M, со нивните мотори V8 со моќност до 625 КС. На одличен пазарен прием наиде и BMW M2 CS, кој воедно служи и како основа за новиот тркачки автомобил на BMW Motorsport. Гледано само во подрачјето на моделите со високи перформанси, нивната продажба лани се зголемила за 4,0 проценти.

Одлични продажни бројки постигнаа и перформанс-моделите во моделските серии 3 и 4 (M340i & Co), со моќни бензински и дизел мотори со шест цилиндри, со посебно дотерано подвозје и препознатлив дизајн.

Зголемен интерес за BMW M на сите поважни пазари ширум светот

Тоа што посебно ги привлекува купувачите се технологија што пристига од мотоспортот, прецизно усогласени карактеристики на погонот, подвозјето, аеродинамиката, стилот во внатрешноста и во ракувањето. Сето тоа воедно го гради карактерот на BMW M-моделите.

Најважен пазар за M се САД, пред Германија. Преку океанот е постигнат рекорд, исто како и во Кина. Продажбата во Русија и Кореја пораснала за по повеќе од 60%, а фантастичен раст има и во Италија, со +47 проценти

Подготвени за старт: BMW M5 CS, BMW M3 Limousine и BMW M4 Coupé

Месецов претстои светска премиера на изведбата BMW M5 CS. „Петката“ првпат ќе биде достапна во оваа изведба во којашто силно се чувствуваат гените од мотоспортот. Во март почнуваат и испораките на новата лимузина BMW M3 и на новото купе BMW M4.

Минхен годинава ќе излегува во пресрет на желбите на клиентите и фановите. Моделите Competition ќе може освен во изведба со мануелен менувач да се нарачаат и со 8-степен M Steptronic со Drivelogic. Во лето првпат ќе се понуди погонот на сите тркала M xDrive во BMW M3 и во BMW M4. Како што ќе стоплува времето, така ќе следи и пристигањето на кабриолетот од BMW M4. Уште нема датум за комбито BMW M3 Touring, што веќе е во завршна фаза од развој пред сериско производсгво.

Голема најава е воведувањето електричен погон во M-семејството, што ќе се случи годинава. А потоа следат уште поголеми изненадувања, затоа што M GmbH во 2022 година одбележува половина век постоење.

>>> Увозникот на BMW и Mini одбележува 5-годишнина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Екстремите на Toyota GR Yaris - Карбон, алу и 4175 варови

Екстремите на Toyota GR Yaris: Карбон, алу и 4.175 варови

mercedes s-class w 223 салон мак аутостар

Еден Mercedes S-Class колку 13 „дачии“