за

По развојот на BMW iX следи BWM M GmbH: Ван Мел се враќа како шеф на брзата марка

Францискус ван Мел се враќа на шефовското место во BMW M GmbH, откако во претходните години се грижеше техно-знаменосецот BMW iX да достигне сериска зрелост.

Од 1-ви ноември, Францискус ван Мел ја презема позицијата на претседател на деловното раководство на M GmbH. Тој доаѓа на местото на Маркус Флаш, кој по три години работа во спортската марка BMW M GmbH, во иднина ќе биде задолжен за моделите на Rolls-Royce и за луксузните серии на BMW. Флаш постигна M GmbH да стане светски водечка марка автомобили со високи перформанси.

BMW M GmbH си го врати стариот шеф. Францискус ван Мел раководеше со спортската марка на Баварците од 2015 до 2018 година. Тој во меѓувреме раководеше со развојот на моделските серии на Rolls-Royce и на луксузните модели на BMW. Под негово раководство е развиен до сериско производство технолошкиот знаменосец со чисто електричен погон BMW iX. Развојот на електричните модели што ќе следат во салоните на BMW исто така се одвиваше под режија на ван Мел.

Токму искуството на новиот шеф во работата со електричниот погон е важно за следната фаза што му претстои на BMW M GmbH, а тоа е електрификација. Првиот автомобил по враќањето на ван Мел ќе биде претставен в година, во чест на одбележувањето на 50-годишнината на марката, што својата историја ја започна како одделение за мотоспорт на BMW. Баварците најавуваат неколку нови модели по тој повод, вклучувајќи го комбито BMW M3 Touring, што првпат ќе се нуди како каросериска изведба.

Вака забрзува BMW i4 M50 со електрични 544 КС

BMW M GmbH во изминатите три години мина низ бурна моделска офанзива. Пристигнаа нови генерации на BMW M3 и BMW M4, кои се јадро на марката, а на списокот на новитети се најдоа и BMW M2 CS и секако BMW M5 CS. Тоа доведе до рекордна продажба на BMW M GmbH и преземање на лидерството во сегментот на автомобилите со високи перформанси. Најнов член е BMW i4 M50, прв модел со чисто електричен погон под знакот на BMW M GmbH.

Се најавува и враќање на BMW во светското првенство во издржливост, а тоа значи учество на 24 часа Леман, 24 часа Нирбургринг и други важни настани на сцената на мотоспортот.

>>> BMW i4 е електрична „тројка“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каскадерка во хибриден Kia Sorento води на дамско рели низ пустините во САД

Škoda има втор модел за Индија, лимузина Slavia