за

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

Изгледот двои со цел, BMW iX мора за секого да биде препознатлив, станува збор за еден од технолошки најнапредните сериски автомобили.

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

BMW iNext стана BMW iX. Фановите на пионерското поглавје на марката од Минхен точно знаат за што станува збор. Третиот i-модел по i3 и i8 вози како СУВ-кросовер, секако дека располага со топ-електричен погон, но во чекор следат и останатите технологии.

Пазарниот старт е дури кон крајот на 2021 година, но може да биде и пет години подоцна, затоа што станува збор за важен предводник во технологијата на ниво на цела групација BMW. Новиот модел BMW iX е значаен по тоа што прв користи модуларен систем на заеднички компоненти, што ќе може да се приспособува скалесто за моделите кои ќе следат понатаму. Дизајнот, одржливоста, уживањето во возење, многустраноста и луксузот, сето тоа се толкува на нов начин со iX.

Баварците го толкуваат од ново нивнито принцип на SAV, односно Sports Activity Vehicle. Дизајнот се разликува од „стандардните“ модели на BMW и почитува начела на прецизност и мининализам. Тоа е дизајн на иднината, каков што светот порано гледаше во сај-фај филмовите, а сега тој станува дел од секојдневието. BMW ветува ново чувство при возење, ново просторно чувство, комплетно ново искуство.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напредокот во електрификацијата, автоматизираното возење и вмрежувањето е направен со цел технологијата да се приближи до човекот. Дизајнот е развиван од внатре кон надвор. Минимализмот од каросеријата важи уште повеќе во кабината. Целта е возачот и патниците да не се преоптоварат со команди и технологија, туку да се отпуштат во кабината и да го уживаат луксузот во неговата нова форма.

Производството на BMW iX ќе започне во втората половина на 2021 година во Динголфинг

Како погонска технологија ќе се користи BMW eDrive од петтата генерација, од сопствен развој и од сопствено производство. Моќноста на двата електромотори заедно ќе надминува 500 КС и на BMW iX ќе му обезбедува спринт до темпо сто за помалку од пет секунди.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Потрошувачката на струја ќе биде под 21 kWh на сто километри, во реални услови. Бруто-капацитетот на батеријата ќе биде над 100 kWh, што значи дека електричниот „SAV“ ќе постигнува досег над 600 километри. Според моментно најверодостојниот циклус FTP-75 (EPA) досегот ќе надминува 300 милји, односно над 480 километри.

Енергија за 120 километри пат ќе се полни за помалку од десет минути

Новата технологија за полнење овозможува користење еднонасочна струја за брзо полнење со моќност до 200 kW. Батеријата ќе се полни од 10 до 80% за помалку од 40 минути. Доколку се користи најосновен ѕиден полнач со 11 kW, кој чини неколку стотини евра и се поставува на пример во домашната гаража, полнењето од 0 до 100% ќе трае помалку од 11 часови.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Минхен уште не ги открива сите детали, но наведува дека процесорскиот капацитет е 20-кратно над постоечките системи во возилата на марката. Тоа ќе овозможи голем напредок во автоматизираното возење и во користењето на дигиталните услуги. Времето за обработка на податоците од сензорите се преполовува.

Во должина и ширина, iX се споредува со BMW X5, додека линијата на покривот е блиску до онаа на X6. Големината на тркалата, пак, се раководи според BMW X7. Бубрезите се затворени, затоа што елеткричниот погон нема потреба од воздух за ладење како обичниот погон. Просторот во нив се користи за сместување на сите камери, радари и останати сензори. Истите се лесно видливи, затоа што „решетката“ на бубрезите е проѕирна.

New photo by Automedia MK / Google Photos

BMW iX има најтенки светла што досега се вградени во модел на минхенската марка. Рачките на вратите излегуваат по притискање на копче, прозорците немаат рамка.

Принцип на Shy Tech, на „срамежлива“ технологија, што станува видлива дури при активирањето

По пример на купето од серијата 4, камерата за рикверц е вградена во логото на BMW. Интересно решение има напред, каде што под логото е сместен отворот за долевање течност за миење на стаклата.

Седиштата се од комплетно нова генерација, со интегриран потпирач за глава. Во комбинација со стаклен покрив, се постигнува луксузна атмосфера во кабината. Бидејќи подот е целосно рамен, се добива повеќе слобода за движење. Посебен впечаток остава средишната конзола, што е дизајнирана како скап домашен мебел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Принципот на Shy Tech се чувствува посебно во кабината – возачот и патниците не се свесни за сета вградена технологија во возилото и таа останува невидлива додека не се побара одредена функција. Звучниците не се гледаат, отворите за воздух се незабележливи, бројни површини се загреваат, а проекторот на хедап-дисплејот исто така одвај се забележува во арматурната табла.

Воланот има осумаголна форма, што заедно со впечатливиот преклопник за избор на степен на возење и со заоблениот дисплеј се дел од новата генерација на оперативниот систем на BMW.

Обемната примена на карбон и алуминиум во каросериската структура се познати уште од BMW i3, исто како и врвната аеродинамичност, со коефициент CW 0,25.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> BMW дава крилја: Прв летечки костум на струја

BMW дава крилја - Прв летечки костум на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возниот парк на германските политичари е лош пример

Возниот парк на германските политичари дава лош пример

Mitsubishi Xpander производство малезија

Mitsubishi додаде трета фабрика за производство на Xpander