за

Mitsubishi додаде трета фабрика за производство на Xpander

Фабриката на Mitsubishi во Малезија е трета во светскиот синџир на јапонскиот производител, што стартува со производство на кросоверот Xpander.

Mitsubishi Xpander производство малезија

Корпорацијата Mitsubishi и глобален сојузник со Renault и Nissan започна со производство на кросоверот Xpander во фабриката во Малезија. Тоа е веќе трета фабрика од којашто излегува овој модел, наменет првенствено за азискиот регион.

Mitsubishi Xpander за пазарите во регионот на Југоисточна Азија почна да се произведува во фабриката Hicom Automotive Manufacturers (Malaysia), во којашто се врши завршна монтажа од готови модули под лиценца на јапонската марка. Продажбата на локално произведените примероци ќе стартува веќе месецов.

Од лансирањето на моделот во Индонезија пред три години, Xpander, заедно со верзијата Xpander Cross со клиренс зголемен за 25 милиметри, наиде на одлична прифатеност на пазарот. Кросоверот со впечатливи стилски елементи од теренците на марката, го погоди вкусот на купувачите во регионот, со спојот од футуристички изглед, комфор и перформанси. До крајот на септември, вкупната продукција на моделот достигна 270.000 примероци.

Mitsubishi планира од фабриката во Малезија да извезува и готови модули, за Xpander понатаму да почне да се монтира во уште неколку погони во регионот. Освен во Индонезија и Малезија, Xpander моментно се произведува и во Виетнам. Меѓу бројните пазари на коишто се продава моделот спаѓаат Филипините и Тајланд.

Јапонскиот специјалист за погон на сите тркала и електричен погон, во сојузот со Renault и Nissan, презеде стратешка улога да ги освојува пазарите во регионот на Југоисточна Азија, каде што Mitsubishi има многу поголемо влијание отколку сојузниците.

>>> Mitsubishi Eclipse Cross со хибриден погон пристига во Европа

Mitsubishi Eclipse Cross PHEV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

toyota rav4 Најпосакуван електрифициран автомобил

Toyota RAV4 освои две престижни награди во Македонија