за

Toyota RAV4 освои две престижни награди во Македонија

Во општиот ек на прогласување на автомобилите на годината, пионерот на компактните СУВ-модели Toyota RAV4 понесе две титули на македонската сцена.

toyota rav4 Најпосакуван електрифициран автомобил

Кога првата генерација на RAV4 беше претставена на саемот за автомобили во Женева во 1994 година, малкумина можеа да предвидат како овој храбар нов концепт на возило ќе го промени пазарот на автомобили. RAV4 беше оригинален, претставувајќи една нова ера на возилата со погон на четири тркала. Актуелната генерација на моделот годинава освои две титули во локални рамки.

Креаторот на SUV сегментот, RAV4, беше револуционерен од секој аспект, преку понуда на технички напредни решенија, воведувајќи нови платформи за возила, развивајќи интелигентни системи за погон на сите тркала, како и со претставувањето на новата целосна хибридна технологија во SUV сегментот. Како прв целосен хибрид во својот сегмент, RAV4 ја зајакна привлечноста кон купувачите со ниската потрошувачка на гориво, како и ниската емисија на штетни гасови, а при тоа не штедејќи на моќните перформанси.

Сегашната, петта генерација на RAV4 беше лансирана во Европа во 2019 година – главно како хибриден модел на пазарите во Европа. Дизајнерскиот тим на Toyota создаде модерен и моќен дизајн на SUV пионерот, а со тоа го привлече вниманието на купувачите ширум светот. Супериорна технологија, удобност во возењето и пространата внатрешност се само дел од епитетите кои гордо ги покажува овој предводник.

Toyota RAV4 во февруари оваа година ја надмина бројката од 10 милиони продадени возила во светот, опфаќајќи пет генерации на возилото од 1994 година па до денес

Првиот SUV во светот, годинава означи уште една важна еволуција, со започнувањето на производството на моделската изведба RAV4 Plug-in Hybrid. Со системски 306 КС, тоа е моментно најсилниот сериски модел на Toyota, но суштинската новина кај моделот е во значителното продолжување на досегот при возење на струја и во зголемувањето на ефикасноста на погонот што произлегува оттаму.

Квалитетите на најновата генерација на RAV4 се потврдија и на македонската сцена, со доделувањето на две значајни признанија годинава: Наградата за SUV на годината”, доделена од страна на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, како и признанието за Најпосакуван електрифициран автомобил” доделено од страна на Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија.

Овие признанија се уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во Македонија, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а сеуште не ја донеле својата одлука на избор.

>>> По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Кораб (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Xpander производство малезија

Mitsubishi додаде трета фабрика за производство на Xpander

Светот почна да им одбројува на автомобилите со обичен погон

Светот почна да им одбројува на автомобилите со обичен погон