за

Возниот парк на германските политичари дава лош пример

Заштитувачите на животната средина во Германија ја оценија емисијата на возилата на политичарите. Резулатот е полош од лани.

Возниот парк на германските политичари е лош пример

Само седум службени возила на германските политичари го исполнуваат лимитот за емисија на СО2 на ЕУ. Дури 43 проценти од возилата се приклучни хибриди, со реална емисија што е далеку од декларираната.

Германското здружението за заштита на животната средина по 14-ти пат оценува колку возилата на врвните политичарки и политичари во земјата ѝ наштетуваат на животната средина. Заклучоците од анализата укажуваат дека еколошката погодност на возилата е влошена во споредба со лани.

Здружението оценува врз основа на реалната емисија на СО2. Така се покажа дека само 7 возила на политичарите се под граничната вредност од 95 грами СО2 на километар што ја пропишува ЕУ. Просекот од сите возила во политичарскиот возен парк: 227 грами СО2 на километар. Ланската вредност била за два грами пониска.

Влошената емисија, според Здружението, се должи на зголемениот број на возила со приклучен хибриден погон. Наспроти 31 возило лани, нивната бројност годинава се зголемила на 43 проценти. Оттаму се повикуваат на фактот дека возилата со приклучен хибриден погон само фиктивно испуштаат помалку СО2. Нивната емисија се изразува за идеален случај, а тоа значи секогаш да се поаѓа со полна батерија и да се вози чисто на струја, додека истата не се испразни, по што се вклучува хибридниот погон и се мери само емисијата на СО2 што моторот ја испушта на преостанатиот пат до вкупно растојание од 100 километри. Проблемот е во тоа што во реалноста, возачите обично не ја дополнуваат батеријата и избираат приклучен хибрид единствено поради субвенциите.

Зелен картон за само 7 од вкупно 235 возила на германските политичари

Вкупно се оценети 235 возила на политичкиот естаблишмент во земјата. Од нив, 47% користат дизел мотор (111 возила), 43% се приклучни хибриди (101 возило), додека 3% возат со бензински мотор. Уделот на чисто електрични возила е ист како лани, со само 6%. Ништо не се пропушта во истражувањето на германското еко-здружение. Од 15-те електрични возила, само 7 имаат потрошувачка на струја, за чиешто производство според германскиот „микс“ од енергетски извори, се испушта исто толку СО2, колку возило со емисија на СО2 под 95 грами на километар. Зелена карта, меѓу другите, добиле возилата на берлинската сенаторка за животна средина (Tesla Model 3) и возилоото на министерот за животна средина на покраината Баден-Виртемберг (Audi e-tron).

Осум политичарки и полтиичари добиле жолт картон, затоа шпто емисијата на нивните возила е до 20% над ЕУ-лимитот. Сите останатите 220 возила, добиле црвен картон, затоа што во реални услови на возење се над ограничувањето од 95 грами СО2 на километар што го поставува Унијата. Црвен картон секако добија и сите службени возила со приклучен хибриден погон. Според последните истражувања, приклучните хибриди како службени возила минуваат до 82% од патот во неповолен режим на работа на моторот.

Истражувањето покажува дека ниту едно од возилата на сојузните министерки и министри не го задоволува лимитот од 95 грами СО2 на километар – во реални услови на возење.

Најлош еко-биланс има возилото на сојузната министерка за семејства, сениори, жени и млади Франциска Гифеј. Нејзиниот Audi A8 реално испушта 286 грами СО2 на километар, трипати повеќе од лимитот. Сојузната министерка за животна средина Свенја Шулце исто така не дава добар пример, со плагин-хибриден BMW 745e, кој реално испушта 242 g CO2/km.

Во истражувањето се исклучени блиндираните возила на канцеларката Меркел, на министерката за одбрана, на министрите за здравство, за внатрешни и за надворешни работи.

Министерка/ Министер

Службено возило

Погон

СО2 според норма

СО2, плус струја

Вистинска емисија

Анја Карличек, Образование и наука

BMW 730Ld xDrive (2019)

Diesel

151

151

220

Јулија Клекнер, Храна и земјоделие

Audi A8 L 50 TDI quattro (2020)

Diesel

152

152

225

Хубертус Хајл, Труд и социјала

Audi A8 L 50 TDI quattro (2019)

Diesel

159

159

235

Свенја Шулце, Животна средина

BMW 745e iPerformance (2019)

Benzin/ Elektro

50

111

242

Кристине Ламбрехт, Правда

BMW 745e iPerfomance (2019)

Benzin/ Elektro

50

111

250

Андреас Шоер, Сообраќај

BMW 745Le xDrive iPerformance (2019)

Benzin/ Elektro

57

122

258

Др. Герд Милер, Економска соработка и развој

Audi A8 L 60 TFSI e quattro (2020)

Benzin/ Elektro

61

146

283

Петер Алтмајер, Економија и енергија

Audi A8 L 60 TFSI e quattro (2020)

Benzin/ Elektro

61

146

283

Др. Франциска Гифеј, Семејства, сениори, жени и млади

Audi A8 L 60 TFSI e quattro (2020)

Benzin/ Elektro

61

146

286

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG GT 63 S најбрз во класа на Нирбургринг

Mercedes-AMG GT 63 S најбрз во класа на Нирбургринг

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX