за

Награда за технологијата во „бубрезите“ на BMW iX

Тоа што на некого му изгледа само како многу големи бубрези, реално е дел што во себе содржи врвна технологија.

Фабриката на BMW во Ландсхут уште еднаш се докажа како центар на врвната автомобилска технологија. Однадвор и одвнатре не се забележува дека во бубрезите на електричниот техно-кросовер BMW iX се вградени камери, сензори, радари, цела база за автопилотирано возење.

Награда за врвна технологија за бубрезите на BMW iX во рамките на 20-те „SPE Automotive Award“. Маската со традиционалната форма освои најмногу бодови за иновативност од сите категории што ги оценуваше жирито и тоа ѝ ја донесе титулата „Grand Award“.

Изборот се одржува во организација на „Society of Plastics Engineers“ (SPE), за најдобра иновација во подрачјето на вештачките материјали во автомобилската индустрија. Организацијата основана во 1942 година ја сочинуваат повеќе од 22.500 членови од 85 држави, експерти за вештачки материјали. Наградите на здружението се ценат како „оскар за пластика“. 

New photo by Automedia MK / Google Photos

Фабриката на BMW во Ландсхут, кадешто се произведуваат бубрезите за техно-кросоверот iX, важи како најголема фабрика за компоненти во мрежата на баварската марка

Тоа што однадвор изгледа како сјајна и мазна маска со традиционалната форма за автомобилите на BMW, во себе ги содржи сите компоненти што се неопходни за автоматизирано возење од највисок ранг. Во бубрезите се вградени камери, радар и дополнителни сензори.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Der BMW iNEXT е прв целосно електричен модел на BMW што располага со врвна технологија за автономно возење. Маската на моделот со врвна технологија е „око“ на електричниот кросовер. Баварците вложија 50 милиони евра во фабриката во Ландсхут, во развој и производство на иновативни компоненти.

Уште една импресивна технологија е „самолекувачкиот“ ефект на бубрезите. Во случај маската да се изгребе, површината се израмнува самостојно во рок од 24 степени, доколку возилото се остави на собна температура.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> BMW ги лакира Серија 1 и 2 во најнеобични бои

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електро-марката Seres буквално лансирана за стартот во Франција

Германски изум: Од кој политичар би купиле користен автомобил?