за

BMW ги лакира Серија 1 и 2 во најнеобични бои

BMW во фабриката во Лајпцих од денес ги лакира примероците од Серија 1 и Серија 2 Gran Coupe во палета со избор од 160 бои. Може да се лакира и во боја по желба.

Нарачани примероци од серијата 1 и серијата 2 Gran Coupe во фабриката на BMW во Лајпцих од денес се лакираат во најневообичаени бои. Првите возила се лакирани во спид-жолта, сан марино-сина, верде ерме-зелена и нардо-сива. Возилата наскоро ќе пристигнат кај сопствениците.

Црна и бела боја и натаму се најчест избор при купување автомобил, но се бележи раст во интересот на купувачите за единствени и впечатливи бои на каросеријата. Баварската марка јавува за огромен интерес за серијата 1 и серијата 2 Gran Coupe да се лакираат во една од 160-те специјални бои, и покрај доплатата за истите. До крајот на годината се пополнети сите резервации за автомобили што ќе се испорачаат во несекојдневните бои. Наскоро почнува да се работи на серија од 180 примероци од BMW 118d за јапонскиот пазар, коишто се лакирани во хокенхајм-сребдена, рубин-црвена и сепиа-виолетова боја.

Неопходната временска рамка за двата модели на BMW да се нарааат во екстра бои изнесува околу десет недели. Секако дека марката е подготвена да излезе во пресрет и на посебни нарачки, ако клиентот побара неговиот автомобил да се лакира во буквално уникатна боја.

За да се реализира оваа можност за компактните модели – што инаку е речиси стандард кај X6, X7 или кај Сериите 7 и 8 – една од постоечките лакирници во Лајпцих е пренаменета во лакирница за специјални бои. Дневно може да се лакираат до пет возила. Посебно се вработени уште десет лица во лакирницата, каде што голем дел од работата се врши рачно. Посебен предизвик се мат-лаковите, за коишто се потребни 30 минути подготовка. Моментно се нудат два мат тонови: Frozen Black и Frozen Orange.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Fabia четврта, само со бензинци, на праг на компакт-класата

Mitsubishi L200: Пикапите се нова инспирација за тјунирање