Mitsubishi L200: Пикапите се нова инспирација за тјунирање

Mitsubishi L200 е докажан и ценет пикап, во секоја генерација уште повеќе отколку во претходната. Новиот модел со изгледот повеќе е ориентиран кон возачите што го сакаат овој вид возила поради тоа што им се совпаѓа со посебниот животен стил. Јапонците дополнително нудат широк избор од прибор за L200.

Пазарот во Европа признава само три пикапи: Toyota Hilux, Nissan Navara, и секако, Mitsubishi L200. Како тие да не се доволно ексклузивни, па нивните сопственици честопати им вршат преправки, или заради нагласување на теренските возни својства, или заради нагласување на стилот – или од двете причини.

Овој примерок од Mitsubishi L200 е одличен пример за тоа, што сé може да се направи врз веќе добрата основа. Добра појдовна точка е вградување кит за зголемување на моќноста Steinbauer K-1000, кој максималната вредност на вртежниот момент ја зголемува на 502 Nm, во комбинација со моќност од 185 КС и со меѓузабрзување подобрено за 20 проценти. Дополнителните 35 КС и 102 Nm секако дека го скусуваат и спринтот од место.

Екстра моќноста, покрај тоа што прави возењето да биде уште поголемо задоволство, ја зголемува и безбедноста, затоа што во случај на престигнување возило, процедурата трае покусо и со тоа – начелно – е помала опасноста од создавање критична ситуација. Истото важи и при вклучување на автопат и други слични сценарија.

https://photos.app.goo.gl/x8iEU6BLCK4MyFCD8

Овој тјуниран примерок се базира врз нивото на опрема Instyle Plus. Од понудата на прибор и дополнителна опрема на Mitsubishi потекнуваат алу-тркалата во сјајна црна боја и маската со истиот финиш, додека останатгите детали, како основата за светлата, долната половина на предниот браник, рачките на вратите и куќиштата на ретровизорите се изведени во мат црна боја.

На тоа се надоврзуваат црни проширувања на арките на крилата (+60 mm), црна посебна цевка за довод на воздух и црни кровни шини и задни светла. Во товарниот простор назад секако дека не недостигаат практични кутии за сместување најразлични предмети, а самиот простор е затворен со црна ролетна со брава, којашто се отвора со само еден потег.

https://photos.app.goo.gl/6W4qiQNcP6dimmuD6

Подвозјето е во специјална изведба за возење по терен, со екстра 30 до 45 милиметри зголемено растојание од подлогата и со подобрен комфор при возење по груб терен. Алуминиумски плочи дебели четири милиметри ги штитат моторот, менувачот, ладилникот, разделниот преносник и подвозјето од оштетувања – исто и резервоарот за гориво и за адблу има посебна заштита.

Гумите се 265/60 R18 за возење по секаков терен, на покривот се наоѓаат Lazer Linear-42 диодни рефлектори со долг досег. Вкупно 200 ставки прибор им стојат на располагање на возачите на Mitsubishi L200.

Пикапот од шестата генерација нуди исклучителна теренска возливост, впрочем исто како и сите негови претходници. Погонот на сите тркала стандардно располага со блокада на задниот диференцијал. Во верзијата на погон на сите тркала Super Select може да се избира меѓу четири програми: Асфалт, кал/снег, песок, карпа. Понудата на Мак Аутостар за Mitsubishi L200 за македонскиот пазар почнува од 27.480 евра.

https://photos.app.goo.gl/wAHiXpVe8FVhFaXJ7

https://photos.app.goo.gl/6dCqMRH8hfmeGZSYA

https://photos.app.goo.gl/gtm7hR9jtkV3d1ww8

>>> What Car го цени Mitsubishi L200 како пикап со најдобра противвредност

Претходна објаваBMW ги лакира Серија 1 и 2 во најнеобични бои
Следна објаваGeneral Motors мора да ја замени батеријата на сите произведени Bolt EV

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here