за

What Car го цени Mitsubishi L200 како пикап со најдобра противвредност

Mitsubishi L200 е одликуван со титула на пикап со најдобра противвредност во изборот на автомобили на годината на британскиот магазин What Car.

Mitsubishi L200

Изведбата на Mitsubishi L200 со двојна кабина победи во категоријата на пикапи со највисока противвредност во изборот на најдобрите автомобили за 2021 година од британскиот магазин What Car.

Уште една во долгата листа награди за Mitsubishi L200, кој неодамна беше прогласен за најдобар пикап во британскиот избор на доставни возила за 2020 година, како и за пикап на годината во шкотскиот избор на автомобил за 2020 година.

Според магазинот, „мал е бројот возила што прераснаа во синоним за својата категорија, како што е случајот со Mitsubishi L200, а причините за тоа се очигледни. Тој е исклучително сенаменски, одлично е опремен и се испорачува со штедлив 2,3-литарски дизел мотор. Тој е воедно и меѓу најдостапните пикапи во класата.“

Покрај тоа што нуди одлична противвредност, 6-та генерација на Mitsubishi L200 постигна и потрошувачка од 4,52 литри во рамките на Fleetworld WLTP Challenge 2020. Тоа е огромно намалување на потрошувачката, во споредба со фабричките 8,8 литри на сто километри според реалната норма WLTP. Пикапот на Mitsubishi постигна најголемо подобрување на потрошувачката од сите доставни возила на оваа трка во штедливост.

Наградената изведба на британскиот пазар чини £22,945, односно околу 25.800 евра. Mitsubishi L200 4Life Double Cab располага со клима уред, темпомат, 7 воздушни перници, алу-тркала, Easy Select 4WD со заклучување на задниот диференцијал и со радио со блутут и команди на волан.

Mitsubishi постигна уште еден сензационален успех кај магазинот What Car, во анкетата во којашто учествуваа 13.000 читатели и гласаа за најиздржлива автомобилска марка. Британците го изгласаа Mitsubishi на третото место.

>>> Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Gazoo и Ал Атија со 15 минути заостаток пред завршната етапа на Дакар

Toyota Gazoo и Ал Атија со 15 минути заостаток пред завршната етапа на Дакар

Петерхансел 14-ти пат на врвот шеста победа на Mini на Дакар

Петерхансел 14-ти пат на врвот, шеста победа за Mini на Дакар