за

Електро-марката Seres буквално лансирана за стартот во Франција

Специјалистот за електрични возила од Кина стартува на уште еден важен пазар во Европа. Seres отсега се продава и во Франција, лансиран од „Вселенскиот град“.

Спектакуларен старт на кинеската марка електрични возила Seres на пазарот во Франција. Челници на големи компании и претставници од локалните власти присуствуваа на официјалниот старт на Seres, на настан одржан во „Вселенскиот град“, туристичка атракција во градот Тулуз.

Откако германските возачки и возачи подигнаа палец за електричните возила на марката Seres, по изборот Германија да биде прв поголем пазар во Европа на којшто ќе се продаваат возилата на марката, понатаму беше многу полесно за кинескиот производител да продолжи да го шири своето присуство и на останатите важни пазари. Следеа Италија, Шпанија, Велика Британија, а во меѓувреме Seres стартуваше и на израелскиот пазар.

Во Македонија ја имаме привилегијата, марката Seres веќе извесно време да биде дел од понудата на компанијата АБЦ Бротхер, што на сцената ѝ е позната веќе со години, меѓу другото и по продажбата на доставните возила DFSK и на СУВ-моделот Glory 580. Со електричниот Seres 3, модел во класата на Tiguan & Co, неодамна имавме несекојдневно патешествие, следејќи го целото течение на реката Треска, од изворите во Кичево, до Скопје.

Ширењето на пазарното присуство на Seres на големи пазари во Европа секако дека оди во корист и на имиџот на марката на македонскиот пазар. Seres го нема кажано последниот збор со електричниот СУВ со реален досег од преку 300 километри. Наскоро се очекува да стартува и поголемиот и технолошки понапреден Seres SF5, а во меѓувреме се развива и соработката со електро-гигантот Huawei.

На францускиот пазар, марката ќе биде застапувана од компанијaта SN, зад којашто стојат 31 години искуство во продажбата на автомобили и титула на најдобар дилер во Франција во последните пет години во низа. Менаџерите на француската компанија се заинтересирале за кинеската електро-марка по следењето на онлајн-презентацијата на моделот SF5, којашто беше одржана кон крајот на минатата година. Првите контакти биле направени во април годинава, а првите испораки на електричните модели беа извршени во јули и во август. Французите исто така покажаа интерес за електричните возила, така што од минатата седмица, Seres и официјално се продава во Франција.

За свеченоста за одбележување на стартот на Seres во земјата, во „Вселенскиот град“ беше изложен и мошне импресивниот Seres SF5, модел за кого што има најави од македонскиот увозник, за скорешен старт со продажбата и на нашиот пазар.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неверојатно реалниот свет на модел-автомобилите на Ентони Шмит

Награда за технологијата во „бубрезите“ на BMW iX