за

Неверојатно реалниот свет на модел-автомобилите на Ентони Шмит

Фотографиите потпишани од Ентони Шмит го привлекуваат вниманието. Но, зад нив има многу голема приказна. Автомобилите се моделчиња, тој е 13-годишник и има аутизам.

Групата љубители на фотографиите на Ентони Шмит на фејсбук брои над 140.000 членови, а има и 16.000 следачи на инстаграм. Многумина се загледуваат во неговите фотографии поради волшебното нешто што тие го содржат, тоа се вредни фотографии. Вистинското изненадување следи отпосле.

Тој е несомнено еден од најуспешните автомобилски фотографи на денешницата. Како што тоа обично е поврзано, тој е воедно и голем љубител на автомобилите. Ентони Шмит живее во гратчето Вудинвил, во американската сојузна држава Вашингтон, има 13 години и има посебна дарба. Повеќе е пасија, поврзана со дарба за таа пасија да се пренесе на единствен начин пред светот.

Човек може да мине сигурно и половина час гледајќи ги фотогалериите на Ентони, без притоа да забележи дека автомобилите на фотографиите не се вистински, туку се модел-автомобили. Илузијата е комплетна кога ќе се осознае и дека целата кулиса е нереална, Ентони и неа ја создава.

На вебсајтот https://anthonyryanschmidt.com/ може да се погледне видеото што верно го прикажува опкружувањето на 13-годишникот, кој својот аутизам го живее со овие посебни дарби. За светот да дознае за дарбата на младиот Американец, голема заслуга има и неговата мајка, којашто ги организира онлајн-продавницата и профилите на Ентони на друштвените мрежи.

Делата на младиот Шмит се пренесени во книга „Small Cars. Big Inspiration“, моментно распродадена, во календар за 2022 година, во неколку модели на летни маици со името на уметникот, а посебно е импресивен обемот од постери, што може да се нарачаат во најразлична големина и достигнуваат цена и до 150 долари, за димензија 18х24 инчи и изработени на платно. Бројни ставки се распродадени, меѓу другото и сложувалка со мотив од фотографиите на Ентони. Навистина фасцинантно, ништо помалку од тоа.

https://www.instagram.com/anthony_ryan_schmidt

https://www.facebook.com/groups/AnthonySchmidtphotography

https://www.facebook.com/anthonyryanschmidt

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британски Autocar: Иднaта Dacia Duster станува хибрид и ќе остане достапна

Електро-марката Seres буквално лансирана за стартот во Франција