Batur покажува како ќе изгледа Bentley како електрична марка

Бентли Батур

Долгата хауба продолжува да биде обележје и симбол на луксузот и во ерата на електромобилноста, кога на автомобилите повеќе не им е потребен долг нос, во којшто е сместен моќниот мотор. Тоа е првиот впечаток од дизајнот на Batur, којшто го најавува изгледот на идните модели на Bentley со чисто електричен погон.

Купето именувано Mulliner Batur го прикажува дизајнот што Bentley го созрева за својот прв автомобил што ќе користи само погон на струја. Batur ќе се изработи во само 18 примероци и ќе чини малку под 2 милиони фунти за парче, што одговара на 2,35 милиони евра. Вообичаено, целата серија веќе е продадена.

Автомобилот е развиен од одделението на Bentley за посебни нарачки и барања Mulliner. Сцената го помни Bacalar, спектакуларен модел што излезе од тоа одделение на британската мануфактура и исто така беше изработен во исклучително мала серија. Извршниот директор на Bentley, Адријан Холмарк, посочува дека „Batur не е само наследник на Bacalar, туку го прикажува правецот во којшто се движи нашиот дизајн во иднината, додека ја развиваме нашата понуда од електирчни возила“.

Основата на Batur доаѓа од купето Continental GT, вклучувајќи го 12-цилиндарскиот мотор, чијашто моќност е зголемена на 740 КС. Тоа значи дека Batur е најсилниот автомобил во историјата на Bentley. Серискиот модел со електричен погон, што ќе се заснова врз дизајнот на Batur, предвидено е да стартува со производство во 2026 година. Во дизајнот се забележуваат големите напори што се преземени да се постигне врвна аеродинамичност.

https://photos.app.goo.gl/cVLbgcYmkzA3SKi56

Кај електричните автомобили уште повеќе внимание се посветува на аеродинамичноста, затоа што помалку отпор на воздух, значи и помалку енергија потрошена за движење, а тоа значи подолг досег. Главниот дизајнер на Bentley,. Андреас Минт, открува уште една причина за тоа: „Аеродинамичноста е најважна, не само поради досегот, туку и поради смалување на бучавата, затоа што повеќе нема звук од моторот.“ Автомобилот денес првпат е прикажан пред јавноста, на Автомобилската недела во Монтереј, Калифорнија.

Аеродинамичноста е најважна, не само поради досегот, туку и поради смалување на бучавата, затоа што повеќе нема звук од моторот.

Андреас Минт, главен дизајнер на Bentley

Зафатите што Минт ги има направено во делот над страничните прагови, имаат за цел да создадат впечаток како хаубата да е уште подолга. Долгата хауба е традиција на дизајнот на Bentley. Пропорциите се сменети, меѓутоа вештите дизајнери прават формата да биде својствена и препознатлива за благородната британска марка.

Прстен изработен со 3D-печат од 18 каратно злато и дијаграм од звуците од моторот

https://photos.app.goo.gl/LLjG8VqDcUmZSfJu9

Внатрешноста е иста со Continental GT, со тоа што купувачите ќе имаат речиси целосна слобода да нарачаат изработка по свој вкус и барање. Меѓу опциите е 3D-печатен прстен за контролерот околу копчето за старт, изработен од 18-каратно злато. Уште еден важен детал е дијаграмот од звучните бранови од 12-цилиндарскиот мотор, што е изработен во самата арматура табла.

https://photos.app.goo.gl/ZZyfNqVAfBJwR3b57

Во Mulliner се мошне вредни во работата со специјалните нарачки од клиентите. Токму успешната работа на ова специјално одделение помогна прометот да се зголеми за 23 проценти. Во првото полугодие, автомобилите што ги продале Британците во просек чинат по 213.000 евра, додека лани просекот бил 186.000 евра. Тоа донесе и рекордна добивка. Во првите пет месеци, Bentley добил петпати повеќе специјални нарачки за работа во Mulliner, отколку во цела 2019 година, значи во годината пред кризата. Името Batur потекнува од езеро на островот Бали во Индонезија.

https://photos.app.goo.gl/PYD5NKtfQXGhhL6H7

https://photos.app.goo.gl/aeQSyh2Wi6Kp1X5Y8

https://photos.app.goo.gl/EaMLPJvQDL6Ym9wH9

https://photos.app.goo.gl/gLQYJGhccZY2kYc56

https://photos.app.goo.gl/EbcHbrX1o3mQpgA49

Bentley почнува да гради облакодер во Мајами

Претходна објаваПроизводители на чипови: Авто-концерните се виновни за кризата
Следна објаваPorsche планира од електричниот Macan да продава исто колку од бензинецот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here