за

Луксузен пикап ќе им парира на Rolls-Royce & Co

Пикапите се работни машини. Обидите од нив да се изведе нешто повеќе, досега минувале неславно. Италијански стилисти веруваат дека се подобри во тој поглед.

Луксузен пикап ќе им парира на Rolls-Royce & Co Aznom Palladium

Италијанската каросериска работилница Aznom се впушти во предизвикот да создаде пикап, што ќе го привлече вниманието на купувачите кои обично избираат Rolls-Royce или Bentley.

Најновата креација на луксузен автомобил од италијанските каросеристи Aznom се води под името Palladium. Долга шест метри и висока два метри, оваа таканаречена хипер-лимузина се одликува со мошне необичен дизајн. Внатрешноста не заостанува во екстровертноста, иако е многу поблиска до кич.

Планот е да се изработат 10 примероци од Palladium, строго во мануфактура. Потенцијални купувачи се очекуваат во Русија, САД, Кина и на Блискиот Исток. Цената не е објавена.

Како техничка основа служи американскиот пикап Ram 1500. Товарниот простор назад е покриен со поклопец и целиот тој простор е стилизиран како да станува збор за класична лимузина. Назад има многу место, со изобилство од слободен простор за нозете.

Внатрешноста е темелно обложена со комбинација од светла и темна кожа. Луксузниот амбиент го заокружуваат украсни панели од дрво или метал, како и импресивно амбиентално осветлување. Опременоста опфаќа два клима уреди што работат независно еден од друг, ладилник, два таблети и озвучување од Harman Kardon.

Како погонска единица се вградува 5,7-литарски V8 со битурбо натполнење, со 710 КС и 950 њутнметри. Со погон на сите тркала, скапоцениот пикап ќе забрзува до темпо сто за 4,5 секунди. Крајната брзина изнесува 210 km/h.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Great Wall дефинитивно ги „навлече“ Кинезите да возат пикап

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лозата на Suzuki Jimny (II дел): Генерациите од 1972 до 1981 година

Лозата на Suzuki Jimny (II дел): Генерациите од 1972 до 1981 година

Шише „теслакила“ 250 долари, распродадено веднаш

Шише „теслакила“ за 250 долари, распродадено веднаш