Илон Маск поседува исклучителен претприемачки дух. Шефот на Tesla повеќепати досега докажа дека бизнисот со електрични автомобили му е недоволен. Tesla Roadster веќе подолго време орбитира во вселената, а огнофрлач за 500 долари или S3XY-шорцеви веќе се надмината работа. Aмериканскиот милијардер сега има други идеи.
Изненадувањата од Tesla и од нејзиниот шеф Илон Маск одамна престанаа да бидат изненадувања. Маск штотуку влезе во бизнисот со алкохолни пијалоци. На веб-страницата на Tesla, меѓу другото се нуди и Tesla Tequila.
Во шише со форма на молња се продава 40-процентна Tequila Añejo, по мошне самоуверена цена од 250 долари за 750 милилитри течност. Единствено има проблем околу тоа што понудата заврши речиси веднаш по нејзиното објавување на вебсајтот на производителот на електрични автомобили. Луксузната стока се води „Out of stock“.
Моментно отсуствува информација, кога жестокиот пијалок ќе биде повторно достапен. Околу тоа не би требало да постои поголема загриженост кај нас, затоа што истиот ќе се нуди само во неколку сојузни држави во САД.
Visual approximation pic.twitter.com/sMn3Pv476Y
— Elon Musk (@elonmusk) October 12, 2018
Идејата за текила не е новина. Маск првично размислуваше за тоа на 1-ви април 2018 година, кога во една од своите фамозни објави на твитер најави дека ќе продава „Teslaquila“.
https://shop.tesla.com/product/tesla-tequila