Audi A6 Avant e-tron concept: Полнење со 270 kW

Audi веќе јасно ја најавува следната серија А6 и комби-моделот со традиционалното име Avant. За погонот, исто така е јасно: Електричен погон, но и ултрабрзо полнење со моќност од 270 kW. Тоа значи 300 километри досег за само десет минути на полнач.

Audi A6 e-tron concept, Вториот: Во рамките на годишната конференција за медиуми, Audi ќе ја претстави втората моделска изведба на Audi A6, комбито Avant. Моделот од вишата класа во следната генерација ќе вози исклучиво на струја. Пред една година, светот го виде Audi A6 Sportback, на салонот во Шангај. Серискиот модел само малку ќе се разликува од концептот. Avant во Audi традиционално се нуди како стилска каросериска варијанта, не како транспортер.

Платформата е нова, тоа е PPE, за чијшто развој во концернот е одговорен токму Audi. Дизајнот е уште еден „мотор“ на овој автомобил. Должината е 4,96 метри, ширината достига 1,96 метар, а каросеријата во висина оди до 1,44 метар. Припадноста во фамилијата електрични модели e-tron се препознава во затворената синглфрејм-маска и во светлечката лента по целата ширина на опашот.

Дизајнот на Audi A6 Avant e-tron concept прикажува нагласено кои ќе бидат главните обележја на новиот изглед на моделите од Инголштат.

https://photos.app.goo.gl/V4MtWcVSfCATimD29

Технологијата на платформата PPE го најавува следниот голем чекор во електормобилноста. Зависно од варијантата, Audi A6 e-tron ќе вози до 700 километри со едно полнење. Најсилните варијанти, пак, ќе спринтуваат за помалку од четири секунди до темпо сто.

Благодарение на 800-волтниот систем и полначите со моќност од 270 kW, енергија за 300 километри пат ќе се полни за само десет минути

Аеродинамичноста отсекогаш била обележје на Audi, па и на Avant. По пример на легендарниот Audi 100/C3 со неговите cW 0,30 во 1982 година, идниот A6 Avant ќе му се спротивставува на ветрот со cW 0,24.

Со големите тркала од 22 инчи, со кусите превиси на каросеријата напред и назад, со ниската кабина, Audi A6 Avant e-tron concept прикажува пропорции што се разликуваат од моделите со стандарден погон. Разликата најдобро се препознава во страничната силуета, Avant изгледа како да е изработен од еден дел, буквално како да е леен.

Како знак за препознавање на e-tron моделите на Audi се издвојува црната украсна лајсна во дното на вратите, којашто укажува дека долу се наоѓаа батеријата на автомобилот. Исто има разлика и во делот на ретровизорите. Таму има само носачи на коишто се поставени камерите.

https://photos.app.goo.gl/CZkWtv9rQ6mJ8vLz6

Батеријата е со капацитет од точно 100 kWh. Посебноста на платформата PPE е во тоа што овозможува батеријата да биде раширена по целата површина, со што се постигнува мала висина на истата. Затоа и каросеријата на A6 Avant e-tron го нагласува тој момент, малата висина – автомобилите повторно „одат надолу“, поради аеродинамичноста. 

Уште еден важен детал посебно за погонот на сите тркала – e-tron нема потреба од карданско вратило до задната оска.

Двата електромотори на Audi A6 Avant e-tron concept заеднички постигнуваат моќност од 350 kW и вртежен момент од 800 њутнметри. Предните тркала имаат посебна верзија на оската на Audi со 5 водилки, што е оптимирана за електричните модели. Можно е серискиот модел да се понуди и во верзија со пневматска суспензија.

Платформата PPE – кусо од Premium Platform Electric – секако дека претставува клучен дел од идните A6 e-tron и A6 Avant e-tron. Таа се развива заедно со Porsche и првите модели врз истата со знакот на Audi се најавуваат веќе за следната година. Понатаму, платформата ќе се користи и за возила во B-сегментот, значи за модели од компакт калсата, за којашто Audi истакнува дека постигнува најголем раст во продажбата на марката.

https://photos.app.goo.gl/tNR9KfcsLMtMN4EG6

Половина век Audi 80: Без него Passat немаше да постои

Претходна објаваVolkswagen петкратно ја зголеми заработката лани
Следна објаваТоа најмалку требаше да се случи: Земјотресот во Јапонија запре погони за чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here