Три фабрики на Renesas се наоѓаат во близина на епицентарот на земјотресот: Фабриките Нака (префектура Ибараки), Такасаки (Гунма) и Јонезава (Јамагата). Останатите канцеларии и партнерски компании на групацијата Renesas се поштедени од земјотресот.
Во фабриката на Renesas во Нака е привремено запрено производството поради земјотресот. По утрдувањето на состојбата во фабриката ќе се решава за продолжување со производството на чипови. Нема повредени лица. Напојувањето со струја е воспоставено по кусиот прекин и опремата е функционална. Утринава започнала проверка и оценување на безбедноста на „чистата соба“. Потоа ќе следи и проверка на опремата и на производите.
Истото важи за фабриката во Такасаки. Пробно производство веќе е воспоставено во третата фабрика, во Јонезава. Еден вработен здобил мали модринки.
Уште се утврдува како прекинот во фабриките на Renesas ќе влијае врз целиот синџир на добавување на чипови. Во сите три фабрики се произведуваат чипови што масовно се користат во автомобилската индустрија. Браншата веќе подолго време се соочува со скусување на производството на автомобили, затоа што нема доволно испораки на чипови.
Chipmaker Renesas says checking for quake damage at three plants in Japan https://t.co/xbbzA4WivE pic.twitter.com/VnV89jWXvx
— CNA (@ChannelNewsAsia) March 16, 2022
Неонскиот гас од Украина е важен за производството на чипови
















