Kia доаѓа со мобилен полнач до возачите на електричен автомобил

За возачките и возачите на електрични автомобили, кои стравуваат дека може да останат со празна батерија на пат, Kia нуди соодветна услуга. Мобилен полнач пристига на местото и во времето што тие ќе го посочат, за батеријата да се наполни.

Kia America започнува соработка со компанијата со мобилни полначи Currently, за на сопствениците на електрични автомобили да им се понуди услуга за полнење на батеријата, на кое било место и во кое било време. Оваа услуга во почетокот ќе биде достапна во три градови во Калифорнија, во Лос Анџелес, Сан Франциско и Сан Хозе. Тоа се подрачја во коишто е најмногу напредувана електромобилноста во Соединетите Држави.

Од 30-ти април, сопствениците на електричен автомобил ќе можат преку посебна мобилна апликација и без надомест, да побараат мобилен полнач да пристигне на местото на коешто се наоѓа нивното возило.

Доволно е само да се преземе апликацијата на Currently од Apple App Store или Google Play и корисникот да се регистрира. На барање на корисникот, техничар на Currently ќе пристигне со мобилен полнач на посоченото место и во избраното време. Тоа може да се направи 3 пати неделно, во времетраење од 2 месеци. 

Kia EV6 победи во изборот за автомобил на 2022 година

Претходна објаваТоа најмалку требаше да се случи: Земјотресот во Јапонија запре погони за чипови
Следна објаваPeugeot првпат достапен во Пакистан, наскоро и локална монтажа на возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here