Audi A3 Sportback 45 „е“ вози спортски и штеди

Audi A3 Sportback 45 TFSI e
Detail

Доколку возачот го сака тоа, со Audi A3 Sportback 45 TFSI e може секојдневната километража да ја минува чисто на струја, без воопшто да се вклучува бензинецот. Досегот на компактниот Audi со приклучен хибриден погон со полна батерија изнесува 63 километри.

Audi продолжува да ја зголемува понудата од модели со електромотор во погонот. На домашниот пазар на марката штотуку започнаа нарачките за A3 Sportback 45 TFSI e. Тоа е втор модел со приклучен хибриден погон по A3 Sportback 40 TFSI e, со таа разлика што става повеќе нагласок на спортскиот карактер. Моќноста е 245 КС, вртежниот момент достига 400 њутнметри.

Погонската спрега исто така се состои до 1,4-литарец со 150 КС и 250 Nm, во комбинација со електромотор со 80 kW (109 КС) и 330 Nm. Електромоторот е вграден во куќиштето на шестстепениот менувач S tronic. Батеријата се состои од 96 ќелии и располага со 13,0 kWh енергија. Доколку се користи обичен домашен приклучок за струја, полнењето на батеријата ќе трае пет часови.

https://photos.app.goo.gl/aAah38bL45J2R3WU7

Спринтот до темпо сто трае 6,8 секунди, крајната брзина изнесува 232 km/h. Потрошувачката се изразува според посебна норма и се состои во тоа што автомобилот вози сто километри, почнувајќи со погон на струја и полна батерија. Нормата го изразува горивото што ќе се потроши на преостанатиот пат до 100 km, откако батеријата ќе се потроши и возењето ќе продолжи со хибриден погон. Во тој идеален случај, потрошувачката би била меѓу 1,4 и 1,5 литар. Во реалниот циклус, досегот на струја изнесува 63 километри. При погон само на струја, крајната брзина е 140 km/h.

https://photos.app.goo.gl/4CDN4mEyWMyewZYe8

Надворешноста се надоврзува на спортскиот карактер на погонот. Audi A3 Sportback 45 TFSI e поседува спортски пакет со црни каросериски додатоци, вклучувајќи и сјајни црни елементи во маската. Опција се матрични диодни светла кои не го заслепуваат сообраќајот отспротива и се вртат во свијоци.

https://photos.app.goo.gl/CLPvEwE8Lwps1sHn7

Посебен белег се дневните светла со по 15 диоди во форма на буквата Е. Сопирачките дискови се зголемени и имаат пречник од 340 милиметри напред, односно 310 милиметри назад. Сопирачките клешти се лакирани црвено. Во обемот на опрема спаѓаат Audi drive select, спортски седишта, затемнети стакла, двозонска автоматска клима и пристап без клуч. Audi A3 Sportback 45 TFSI во Германија чини 40.395,29 евра. Во земјата, за приклучните хибриди следи и субвеннција во висина од 6.750 евра.

>>> Audi TT и TTS во бронзено издание од Sport GmbH

Audi TT Bronze Selection

Претходна објаваKia Sorento во издание за авантуристи
Следна објаваToyota го произведе четиримилионитиот Yaris во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here