Kia Sorento во издание за авантуристи

Kia Sorento во издание за авантуристи

Новата генерација на СУВ-знаменосецот Kia Sorento наскоро пристига и на македонскиот пазар. Тој ќе биде првиот модел со новиот дизајнерски потпис на Kia, што ќе го доживееме во живо по европските патишта. Во меѓувреме, во соработка со една калифорниска работилница за тјунирање се изработени две студии на Kia Sorento.

Kia Sorento во новата генерација го познаваме само виртуелно, како претставителен СУВ со прецизно дотерани каросериски форми и со добра доза на автомобилско благородништво. Од седиштето на Kia Motors за САД, во Ирвајн/Калифорнија, сега порачуваат дека новиот СУВ е добар и за авантури и за теренска возбуда.

Двете дизајнерски студии се водат како Sorento Yosemite Edition и Sorento Zion Edition. Првата цели на истражување на планински висини и престој во дивина, додека втората студија е подготвена да вози во средини што се најголем предизвик за живиот свет, во пустини.

СУВ-понудата на Kia во САД доби големо освежување со Telluride, кој од дебито во минатата година се покажа како сериски освојувач на титули, а во почетокот од годинава следеше и Seltos, кој уште од старт се избори за место меѓу бестселерите на марката. Следен чекор е Sorento, кој ветува теренски својства уште понапредни од кој било модел на Kia досега.

https://photos.app.goo.gl/5wMLsZ1VNakG88536

За тоа да биде повидливо, покрај галантната појава на Sorento, американскиот огранок на Kia ги изработи двете студии Yosemite Edition и Zion Edition. Како основа на двете варијанти служи изведбата X-Line за локалниот пазар, со уникатни тркала од 20 инчи, растојание од подлогата зголемено на 21 сантиметри и поголеми агли на пристап и заминување. На сето тоа се додава и погонна сите тркала со режим за снег и цврст носач за багаж на покривот.

Изработката на студиите е дело на LGE-CTE Motorsports во Сан Димас, Калифорнија. Имињата на студиите не случајно потекнуваат од големите национални паркови во големата држава. „Јосемити“ е лакиран во мат финиш зелена боја, со црни каросериски детали. Наспроти неа „Зион“ е лакирана во боја на пустински песок и исто така има црни акценти. Двата модели ќе се појавуваат на презентациите на Kia ширум САД.

Купувачите на Kia Sorento можеби нема да влегуваат во толкави екстреми, како што е случај со американските студии, меѓутоа ќе им биде достапна широка понуда од прибор за вградување во возилото. Понудата ќе вклучува кровни багажници за поголем товар, влечни куки, и секако, заштита на праговите, популарно „нагазници“, за поткачување кога треба да се натовари багаж на покривот.

>>> Kia Sorento е најдобриот автомобил на годината за CarBuyer

Kia Sorento е најдобриот автомобил на годината за CarBuyer

Претходна објаваНовата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа
Следна објаваAudi A3 Sportback 45 „е“ вози спортски и штеди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here