Астон Мартин објави дека саудиарабискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ) го зголемил својот удел во британскиот производител на луксузни автомобили за 2,6 процентни бодови.
Откако британскиот производител на луксузни автомобили Астон Мартин во средата ги разочара инвеститорите со објавувањето на деловните резултати за последниот квартал, следната вест е дека саудиарабискиот јавен инвестициски фонд го зголемил својот удел на 20,5 проценти.
Со зголемувањето на уделот од претходните 17,9 проценти, на сегашните преку 20 проценти, ПИФ изби пред претседателот на Џили, кинескиот претприемач Шифу Ли. Претседателот на кинескиот автомобилски концерн, каде што меѓу другото припаѓаат Волво и Лотус, контролира 17 проценти од компанијата.
Претседателот на Астон Мартин, Лоренс Строл, останува најголем акционер во компанијата. Во октомври, конзорциумот Јо Три го зголеми својот удел на преку 26 проценти, откако друг голем акционер се откажа од својот удел во холдингот.
Новите акции им припаднале на Лусид Гриуп, производител на автомобили под контрола на ПИФ.
Saudi wealth fund raises stake in carmaker Aston Martin to over 20% https://t.co/ERuVtBg4js pic.twitter.com/r0VnETb3YB
— Reuters (@Reuters) November 8, 2023
Неколку часови претходно, Атиева, огранок на Лусид, објави дека презеле удел од 3,44 проценти во акциите на Астон Мартин.
Компанијата со седиште во Гајдон во јуни постигна договор со Лусид, со којшто американскиот прооизводител на електрични автомобили доби удел во Астон Мартин, како возврат за Британците да добијат пристап во технологијата за „високи перформанси“ на Лусид.
















