за

Aston Martin бара 800 мил. € од инвеститори, доби 100 милиони од Арапите

Aston Martin има големи планови како да постапи со новиот капитал. Најголемиот дел од акциите вредни 771 милиони евра одат во електрификација.

Британската престижна марка Aston Martin издава акции во вкупна вредност од преку 771 милиони евра. Новиот капитал ќе се користи главно за преоѓање на електрични автомобили. Прво се бара одговор од постоечките акционери, меѓу кои Mercedes-Benz и Саудискиот Јавен Инвестициски Фонд. Во филмската марка на Џејмс Бонд претходно ја одбија понудата од кинескиот Geely.

Финансиите не им успеваат најдобро во британската марка. Aston Martin успеа да ја зголеми продажбата на возила преку воведувањето на спортскиот СУВ модел DBX. Завршната сметка сепак покажа загуба од 255 милиони евра во минатата година. Парите се трошат брзо, а Aston Martin има и обврска да ја префрли својата понуда од модели на електричен погон. До 2030 година, целата гама ќе се состои од автомобили со погон на струја. Првиот електричен модел мора да се појави веќе во 2025 година.

Затоа се бараат финансиери за овие инвестиции. Прво ќе се побараат пари од постоечките акционери, а во исто време ќе се привлекуваат и нови инвеститори. Тоа е случај со саудискиот инвестициски фонд PIF, коишто како нов инвеститор ќе вложи 91,9 милиони евра во Aston Martin. Тоа на Арапите ќе им донесе удел од 16,7 проценти во акциите. Со овој удел, PIF ќе се вбројува меѓу најголемите акционери во Aston Martin. Тие веќе имаат акции во Lucid Motors и во McLaren.

Покрај PIF, во британската марка вложуваат и конзорциумот Yew Tree (инвестициска компанија на Лоренс Строл) и Mercedes-Benz AG. Според тоа што Aston Martin им го предлага со својот план, овие три акционери треба да вложат вкупно 395 милиони евра. Останатите 376 евра ќе бидат обезбедени преку јавно издавање акции.

Aston Martin претходно ја одби понудата од Geely, за вложување преку 1,5 милијарда евра

Со оваа стратегија, Aston Martin се спротивставува на понудата од Atlas Consortium, којшто е партнерство меѓу Investindustrial Group и кинескиот гигант Geely. Овој конгломерат понуди инвестиција во вредност од 1,53 милијарда евра, но побара и соодветно голем удел во акциите. Според Британците, тоа немаше да им се допадне на постоечките акционери.

Плановите за трошење на парите се точно замислени. Најголемата сума ќе биде одвоена за електрификацијата на марката. Во 2024 година, Aston Martin ќе го понуди својот прв модел со приклучен хибриден погон, а една година подоцна ќе следи и првиот чисто електричен модел. До 2030 година, гамата ќе се состои исклучиво од електрични автомобили и СУВ модели. Парите ќе се трошат и за наследниците на DB11 и Vantage, како и за прошпирување на гамата на DBX. Во исто време ќе се работи и на развој на хиперавтомобили со средишен мотор, односно на идните Valhalla и Vanquish. Секако дека средствата ќе бидат искористени и за подмирување на долговите.

Целта на Aston Martin е да постигне годишна продажба од 10.000 возила и промет во висина од 2,3 милијарди евра, при добивка од 590 милиони евра. Целата продукција за годинава е пополнета. Голем проблем беше прекинот на снабдувањето со компоненти од добавувачите, поради што доцнеа првите испораки на DBX 707. Во првото полугодие се продадени 2.676 автомобили, додека лани во истиот период беа продадени 2.901 автомобил. Извесно е дека Aston Martin сепак ќе го исполни планот за 6.600 произведени автомобили годинава.

Два специјални модели на Aston Martin како од филм

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новата Honda Civic стартува од 33.000 евра

Електричен СУВ и шатор на покрив се погодена комбинација