Во Aiways знаат како дополнително да привлечат внимание на својот електричен СУВ со едноставна ознака U5. Најголемата заводливост на електричниот погон е во тоа што секој поминат километар е ново и различно доживување од сé претходно. Луѓето уживаат да ги возат своите автомобили на струја, па кога веќе се работи на уживање, нека биде комплетно. Производителот цени дека Aiways U5 прави одлична комбинација со шатор што се поставува на покривот.
Колку светот е одушевен од идејата за повторно да се кампува, може најверно да се провери ако на друштвените мрежи се побара хаштагот Vanlife. Милиони објави прикажуваат кампување. Корона ги научи луѓето да ја ценат природата повеќе, односно конкретно да ја ценат слободата што им ја дава природата. Новите клучни поими се слобода, забавување и авантура.
Покрај сите предности, кампувањето има и неколку недостатоци. Главниот е цената. Возилата за кампување, обично се скапи, многу скапи. Решението го нудат т.н. микрокампери. Во основа секое возило може да се претвори со микрокампер. За тоа се потребни носач за багаж на покривот и шатор што се поставува врз тој носач, заедно со платформа. Секако, клучно е и конструкцијата на покривот на возилото да поседува доволна носивост, за да може да ја издржи тежината.
Со дозволена статичка тежина од 400 килограми, Aiways U5 нема проблеми со товарот врз покривот, а ветувачки се и податоците за досегот. Фабриката тврди дека нивниот електричен СУВ троши меѓу 16,6 и 17, kWh на сто километри, а тоа е доволно за досег меѓу 400 и 410 километри. По преноќувањето, шаторот едноставно се собира и се сместува во релативно тенка кутија на покривот. Поради зголемениот отпор на воздух, потрошувачката на струја се зголемува за околу 20%, а соодветно на тоа се скусува и досегот. Тоа значи дека место 400 километри, може да се смета на досег од нешто повеќе од 300 километри. Кога човек е на кампување, не се брза. Aiways подржува и брзо полнење, па при достапност на брз полнач, батеријата постигнува 80% наполнетост за 27 минути.
Големиот СУВ одговара за микрокампер и со зафатнината на просторот од 1.551 литри, со соборена задна клупа. Уште повеќе е важно тоа што се добива целосно рамен под. Во случај да се нарача влечна кука, врз неа може да се постави и носач за велосипеди, па дури и електрични. Со тежина на потпирање врз куката до 100 килограми, на носачот може без проблем со себе да се понесат два велосипеди.
What a privilege it is to live this side of the world. #WildAtlanticWay #vanlife #Ireland pic.twitter.com/rkodxij16P
— George Diamondis (@georgediamondis) July 10, 2022
Што се однесува до бројките за новата љубов на светот кон кампувањето, во 2020 година во Европа биле продадени двапати повеќе возила отколку во 2013 година. Во некои држави, пазарот пораснал четирипати. Трендот ќе трае.
Кинескиот Aiways по Холандија и Германија стартува и во Белгија