Белгиската групација Cardoen, присутна во земјата со 14 филијали и со 30 марки во понуда, доби ексклузивно дилерско и постпродажно партнерство за електричниот Aiways U5.
Aiways, кинеската стартап-компанија за електромобилност со седиште во Шангај, со почетокот на годината го објави и новиот партнер за Европа. Групацијата Cardoen, со своите 16 филијали на територијата на Белгија, ќе го дистрибуира иновативниот СУВ-модел на Aiways во земјата. Станува збор за најуспешниот независен дилер со автомобили во Белгија, дел од големата групација Aramis.
Белгија во последните години покажа растечки интерес за електрични возила, особено за моделите што постигнуваат голем досег со едно полнење. Менаџерите на Cardoen очекуваат дека Aiways U5 со досег до 410 километри ќе предизвика голем интерес во земјата.
Групацијата Cardoen е позната во браншата по „авто супермаркетите“, што почна да ги отвора во 1949 година. Компанијата годишно продава повеќе од 14.000 возила. Aiways U5 е првиот автомобил со чисто електричен погон што Cardoen ќе го нуди на приватниот пазар во Белгија.
Цените за електричниот СУВ стартуваат од 39.950 евра за основната изведба, односно 43.850 евра за премиум-изведбата. Во цените е вклучен ДДВ што во Белгија изнесува 21 проценти. Cardoen го презема и сервисирањето на електричните возила.