Повеќе од 2.000 сопственици на електричен автомобил учествуваа во анкетата што беше спроведена во минатиот месец меѓу британските возачки и возачи. Резултатите укажуваат дека префрлувањето на погон на струја е трајно и возачите не размислуваат во иднина да го заменат своето возило со друг автомобил што би користел бензински или дизел мотор.
Со „Не, благодарам“ одговориле 91% од испитаниците, на прашањето дали размислуваат да се вратат на автомобил со обичен погон. Помалку од еден процент се премислиле и нивното идно возило повторно ќе има бензински или дизел мотор. Преостанатите 9% од испитаниците одговориле дека немаат одлучено околу тоа прашање.
Околу три четвртини од возачите (73%) првпат поседуваат електричен автомобил, а 52% од нив го купиле автомобилот лани. Сопствениците на автомобил на струја се издвојуваат позитивно и во поглед на задоволството од возилото. Степенот на задоволство од изборот на автомобилот изнесува 91 од 100 бодови (92 бодови кај сопствениците на чисто електрични возила и 84 бодови кај сопствениците на приклучен хибрид). За споредба, овој индекс кај возачите на автомобил со бензински или дизел мотор изнесува 72 од можни 100 бодови.
Возачите се задоволни најмногу од Volkswagen ID.3, Kia Niro Plug-in Hybrid и од серијата 3 на BMW (Сите по 100); Tesla Model 3 (96); Kia e-Niro (96); and the Hyundai KONA electric (94). Висок степен на задоволство покажуваат и возачите на популарните Renault Zoe (92) и Nissan Leaf (90).
Расте и продажбата на електрични автомобили. До ноември, тие учествуваат со 9,7% во вкупната продажба во Велика Британија, наспроти 3,2 проценти лани и 1,1% во 2015 година.
>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

















