за

Кои марки држат најмногу пазари во светски рамки?

Во овој несекојдневен статистички преглед не решава вкупната продажба, туку бројот на пазари на коишто одделните марки го држат првото место.

Toyota Corolla

Автомобилскиот свет нуди непрегледна разновидност од марки, модели, форми, бои. Некои марки се продаваат повеќе во одредени региони или држави, некои пак воопшто не се достапни или се сосем непознати. Следи интересна статистика, за вкупниот број на земји, во кои одделните автомобилски марки се најпродавани.

Тојота Сити и Волфсбург се борат за светскиот врв во автоиндустријата, марката Volkswagen традиционално е лидер во Европа, но која марка е на прво место во најмногу држави ширум светот?

1-во место: Toyota Corolla

Ова моделско име на Toyota е „праисториско“. Јапонскиот концерн продава автомобили под моделското име Corolla уште од 1966 година. Тојота Сити очигледно има добра развојна стратегија со овој модел од компакт класата, затоа што според најдеталната статистика за 2019 година, ширум светот биле продадени 1.483.120 примероци од моделите под ова име. Тука се надоврзува уште една статистика. До лани, од сите моделски варијанти на Toyota Corolla, во историјата се продадени околу 46 милиони возила.

2-ро место: Ford F-150

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД

Второ најпродавано возило во 2019 година бил еден светски познат американски камионет. Серијата пикапи F на Ford, лани достигнала 1.070.406 продажби ширум светот.

3-то место: Toyota RAV4

Јапонската марка се појавува повторно меѓу светските бестселери веднаш на третото место. Toyota RAV4 ниту оддалеку се нема произведено во толкав број примероци како Corolla во сета историја на моделот, но СУВ-моделот од компакт класата сосем сигурно е на третото место на најпродавани автомобили во светот лани. Вкупно 966.971 примероци за третото место.

Тоа е стандардното рангирање во коешто и нема поголеми отстапувања или изненадувања од година в година. Овие модели сепак се светски имиња и не дозволуваат друг лесно да им го превземе местото. Тука имаме статистички преглед што се разликува од вообичаеното и ги прикажува автомобилските гиганти во ново светло.

Кога ќе се тргнат настрана вкупните продажби на одреден модел или марка и рангирањето ќе се врши според бројот на пазари на коишто одредена марка ја држи лидерската позиција, произлегува следниот распоред на моќите на големите концерни.

Прво, водечкиот модел по број на пазари на кои го држи првото место во продажбата.

1-во место: Toyota Hilux

Toyota Hilux

Пикапот за којшто што ниту Џереми Кларксон и компанија не успеаја да смислат сценарио да го уништат, ужива позиција на најпродаван модел во дури 17 држави ширум светот. Меѓу нив се Јужна Африка, Австралија или Тајланд.

2-ро место: Toyota Land Cruiser

Toyota Land Cruiser 2020

Класичарот меѓу теренците досега се има продадено во повеќе од 10 милиони примероци и воедно е топ-модел во продажбата во 10 држави ширум светот, главно на Средниот Исток. Land Cruiser ја постигнува својата најголема популарност во Либан, Катар, Кувајт, Бајраин и во Обединетите Арапски Емирати. Големиот автомобил не се цени „само“ како теренец, туку и како семејно возило.

3-то место: Škoda Octavia

Škoda е прв избор на возачките и возачите во голем број европски држави, вклучувајќи ги Швајцарија, Австрија, Хрватска, и секако Чешка, домашниот пазар на марката. Моделот за којшто најчесто станува збор е Škoda Octavia, кој ја држи првата позиција во дури седум држави. За 25 години се продадени пет милиони примероци.

Меѓу марките, води Toyota, којашто е најпродавана марка во дури 48 држави

Производител

Број на држави

Toyota 48
Skoda 10
Dacia 7
Renault 7
Ford 5
Hyundai 5
Volkswagen 5
Chevrolet 5
Suzuki 4
Fiat 3
Kia 3
Mitsubishi 2
Lada 2
Isuzu 2
Tesla 2
Nissan 2
Khazar 1
Maruti 1
Saipa 1
Perodua 1
Hawtai 1
Seat 1
Volvo 1
Jeep 1

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda имаше електрична 2020 година

Škoda имаше електрична 2020 година

Девет од десет електро-возачи не се враќаат на бензин или дизел