за

Амбасадори на Peugeot во Франција заработуваат од секоја продажба на хибрид

Тоа е слободата за воведување иновации што ја дава домашниот пазар. Peugeot во Франција ангажира „Амбасадори на лавот“, кои добиваат награда за секој клиент што ќе го донесат во марката.

Програма на Peugeot, именувана „Амбасадори на лавот“, активна е на францускиот пазар и има за цел да привлече купувачи на моделите на Peugeot со приклучен хибриден погон. Амбасадор на марката може да стане секој сопственик на модел Peugeot 308, 3008 или 508 со овој вид погон. Иновативниот начин на продажба би можело да се развива и надвор од земјата.

Peugeot во сите свои активности, отсекогаш посочувал на доверлива човечка врска, и тоа не е далеку од самиот корен на марката, којашто почива врз вредностите на семејното заедништво. Со други зборови, во Peugeot сакаат да разговараат директно со своите клиенти. Така дојде и до новата програма на лојалност, наречена „Амбасадори на лавот“, што веќе е активна во Франција. Амбасадори се сопственици на Peugeot 308, 3008 или 508 со приклучен хибриден погон. Нивната мисија е на нов и свеж начин да привлечат нови купувачи на овие модели од француската марка.

Оде де Ла Порте, директорка за маркетинг на Peugeot во Франција, ја објаснува оваа генијална замисла: „Во овој свет на висока технологија и на приклучни хибриди, на пример, веруваме дека искуството од користењето на возилото и задоволството на нашите клиенти се најдобри вектори за привлекување на пријателите и на членовите од семејството, што се подготвуваат за купување нов автомобил. Ние, на еден начин им ги оставаме клучевите (на амбасадорите), во оваа првична фаза, затоа што тие како клиенти на Peugeot можат да зборуваат најдобро за тоа“.

Програмата во блиска иднина ќе се прошири и на сопственици на електрични модели, коишто исто така ќе настапуваат како амбасадори на лавот. Кругот во којшто тие делуваат се нивните пријатели, соседи, колеги или членови на семејсвото.

Откако ќе се приклучат во програмата, амбасадорите добиваат „пакет за добредојде“ и почнуваат да комуницираат за хибридните модели на Peugeot. Кога некој во нивниот круг ќе се заинтересира за француските автомобили, се пополнува формулар, што понатаму се испраќа до советниците во Peugeot Store. Тие понатаму го преземаат контактот и разговараат околу можноста за купување возило.

Марката Peugeot отсекогаш имала мошне близок однос со своите клиенти и сака уште повеќе да го зајакне тоа

Оде де Ла Порте

Кога амбасадорот на лавот ќе поттикне интерес во својот круг на делување, ја скенира „амбасадорската картичка“ со апликацијата на својот телефон. Во случај да се реализира продажбата, амбасадорот добива куфер Samsonite во вредност од 400 евра, за првата продажба на автомобил. За секоја следна продажба, следи вредносен ваучер во висина од 300 евра.

Еуроимпекс им направи добро утро на електричните автомобили на Peugeot и Opel

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Не е само маслото во моторот, се менува и маслото во менувачот

shell 10000 novi stanici

Светските енергетичари предупредуваат за криза за гориво летово