за

Alpine A110 за француската полиција

Групацијата Renault победи на тендерот за брзи возила за интервенција на автопат за потребите на Француската Жандармерија, ќе се вози Alpine A110.

Alpine во следните четири години ќе испорача вкупно 26 возила со високи перфоманси Alpine A110, за потребите на единицата на Француската Жандармерија за интервенција по автопатиштата. Првите возила пристигаат во почетокот на следната година.

Сцената ја познава Alpine A110 како автомобил со славен претходник, конструирана и изработена во Франција, со високи перформанси и со врвни возни својства. Бескомпромисното спортско купе одушевува со ниска тежина, со прецизна управливост и со предвидливо однесување во граничното подрачје. Моторот располага со 252 КС, добро стои и со потрошувачката и со емисијата на СО2.

Точно тоа се својствата што ѝ се потребни и на единицата за интервенција на автопат на Француската Жандармерија. Alpine A110 ќе се користи за интервенции по автопат, за „ловење“ автомобили што се движат со превисока брзина и општо во цел на подобрување на безбедноста. Две возила ќе се резервираат за тренинг.

Брзите компактни автомобили ќе се изработат во фабриката на Alpine во Диеп, за потоа да се упатат на доработка во работилницата на Durisotti. Возилата ќе добијат рефлектирачки ознаки, сирена, ротирачко светло, табла за прикажување пораки итн.

Претходникот A110 беше меѓу првите возила што ги користеше специјалната единица на жандармеријата. Марката постои подолго од 60 години и познавачите ја ценат по спортските успеси.

Од првите возила Alpine што биле испорачани во 1966 година, различни модели од групацијата Renault одржуваа континуитет во служба на жандармеријата:

  • Alpine A110 (1966-1973)
  • Alpine A310 (1973-1987)
  • Renault 18 Turbo (1984 – 1987)
  • Renault 21 2L Turbo (1992 – 1995)
  • Renault Mégane IDE (2001 – 2006)
  • Renault Mégane III RS (2011 – 2021)
  • Alpine A110 (2022 – 2025)

>>> Возачи на електричен Renault Zoe минуваат повеќе километри од возачи на Clio Diesel

Го имате посетено нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/ со податоци и цени за сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар? На следниот линк можете директно да пристапите до прегледот на сите модели на Renault.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara добива полн хибриден погон со 115 КС

Lexus отвора врата само ако е безбедно