за

Alfa Romeo ги претрка сите со две награди за дизајн кај Auto Bild

Читателите на германскиот магазин Auto Bild редовно гласаа за „најдобрите марки во сите класи“. Две награди за Alfa Romeo, за дизајнот.

Читателите на Auto Bild ја почестија Alfa Romeo со првото место во категориите на „дизајн на модел од средна класа“ и „дизајн на СУВ од средна класа“ во редовното годишно гласање, во коешто се прогласуваат победници во повеќе категории.

Alfa Romeo Giulia, Alfa Romeo Tonale и Alfa Romeo Stelvio уште еднаш потврдија дека се обожувани меѓу германските љубители на автомобили. Годинава во гласањето учествуваа 42.000 читатели, давајќи глас за возила од 37 марки, во вкупно 14 категории од коишто се состои изборот.

Alfa Romeo годинава постигна двојна победа во гласањето за „Најдобрите марки во сите класи“. Магазинот Auto Bild го одликуваше дизајнот на моделите на Alfa Romeo како победнички во категоријата на возила од средната класа и СУВ со средна големина.

Италијанската марка повторно е меѓу победниците во истражувањето што се спроведува секоја година и коешто во основата го отсликува изборот што би го направиле читателите. Годинава во истражувањето учествуваа 42.000 читателки и читатели на Auto Bild, како и сестринските списанија, заедно со онлајн-изданијата. Се гласаше за модели од 37 марки, во 14 категории.

„Овие одликувања се голема чест за дизајнерите на Centro Stile Alfa Romeo, кои ги дизајнираа сите три модели. Незаменливиот дизајн на Alfa Romeo има голема заслуга за тоа што нашата марка во Германија во првиот квартал од 2023 година го зголеми бројот на продадени возила за повеќе од двојно во споредба со лани,“ кажува Николо Бјаџоло, директор за премиум марки на концернот Stellantis во земјата.

Победи на моделите на Alfa Romeo во гласањето на читателите на најпознатите автомобилски магазини

Дизајнот на Alfa Romeo редовно добива одликувања во најценетите избори од светско значење. Во гласањето во 2022 и 2021 година, Alfa Romeo секако дека оствари повеќе победи во „Најдобри марки во сите класи“. Alfa Romeo Giulia ја освои и наградата „Red Dot Award“, како и „Compasso d’Oro“. Новата Alfa Romeo Tonale, прв модел на марката со електрифициран погон, заедно со Alfa Romeo Stelvio, победија на дизајнерскиот натпревар „autonis“ што го организира германскиот магазин „auto, motor und sport“. Понатаму, Alfa Romeo Stelvio ја освои наградата „Car Design Award“ во Велика Британија, вклучувајќи и награда за дизајн во изборот на читателите на AUTO EXPRESS.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota започна проект со 50 водородни Mirai во Берлин

Добрите нешта доаѓаат во пар: Електричен Niro и хибриден XCeed во понудата на Kia