за

Toyota започна проект со 50 водородни Mirai во Берлин

Возен парк од 50 лимузини Toyota Mirai со погон на водород, во следните две години по улиците на Берлин ќе докажуваат колку водородот е применлив во секојдневието.

Германскиот огранок на Toyota, во соработка со Anglo American, како и SafeDriver Group и ENNOO, започна заеднички проект под името H2 Moves Berlin. Целта на проектот е да се докаже дека водородот како погонско „гориво“ е целосно применлив во секојдневието.

Станува збор за најголем возен парк од возила со водороден погон во деловен превоз на лица во Германија. Во моментов по улиците на германската престолнина сообраќаат 50 лимузини Toyota Mirai. Во следните месеци постепено ќе се зголемува возниот парк, за да се достигнат вкупно 200 возила по берлинските улици.

Покрај тоа што има нулта емисија на СО2, предности на водородниот погон се големиот досег и кусото време за полнење на резервоарите. Тоа прави овој вид погон да биде мошне интересен за превозот на лица, односно за такси-компании и сите видови услуги на мобилност што денес ги нуди светот.

Toyota Mirai со полн резервоар со водород минува до 650 километри и со тоа е погодна и за долги релации. Полнењето на возилата во проектот H2 Moves Berlin се одвива брзо, безбедно и едноставно на станиците за точење водород на берлинската компанија H2 MOBILITY Deutschland.

„Нашите патници веќе се одушевени од одржливиот и комфорен превоз со водородот“, кажува Томас Монке, директор на групацијата SafeDriver. „Возачките и возачите ја ценат комбинацијата од перформанси на електричен автомобил со досегот и брзината на полнење на автомобил со мотор со внатрешно согорување. Овој вид понуда за деловен превоз на лица е единствен во Германија.“

Постапката на полнење водород во Toyota Mirai

Секој што има потреба од превоз во Берлин може преку мобилната апликација на Uber да избере превоз со Toyota Mirai. За тоа е потребно само да се избере опцијата „комфорни електрични – висококвалитетни водородни електрични автомобили.

Како изгледа нарачката на услугата може да се погледне на вебсајтот на H2 Moves Berlin https://www.h2movesberlin.com/ .

Anglo American е водечка рударска компанија, којашто меѓу другото ја снабдува индустријата со платина, материјал што се користи во горивните ќелии, коишто се основа на водородниот погон.

SafeDriver Group нуди повеќе напредни решенија за превоз, посебно во организирањето превоз за настани, како и во делот на B2B и во урбаната мобилност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Го познаваме како „мерцедесот на Тито“: 60 години на Mercedes-Benz 600

Alfa Romeo ги претрка сите со две награди за дизајн кај Auto Bild