За американските возачки и возачи, Alfa Romeo е број еден меѓу премиум марките. До тој заклучок доведе најновото истражување за „квалитетот при испорака“ што го спроведува американскиот институт за пазарно истражување J.D. Power.
Сопствениците на автомобили добиваат прашање, колку често тие имале проблеми со својот нов автомобил во првите три месеци по испораката. Во најновото истражување, Alfa Romeo напредуваше за 24 места во споредба со лани. Не постои марка што постигнала поголем напредок од тоа. Секако дека големиот скок резултираше и со катапултирање на марката Alfa Romeo на врвот на листата, како најквалитетна марка.
Во општа конкуренција, вклучувајќи ги големоволуменските марки, Alfa Romeo е на третото место, по америкaнските Dodge и RAM, патем исто така марки на Stellantis.
Студијата понатаму го потврдува првото место на Alfa Romeo Stelvio во конкуренција на премиум СУВ-модели од средната класа.
Жан Филип Импарато, прв човек на Alfa Romeo, коментира: „Резултатот од најновата студија на J.D. Power нé исполнува со голема гордост сите нас во Alfa Romeo. Овој успех е резултат од одличната работа на целиот тим. Исклучителното внимание што во нашите фабрики во Италија го посветуваме во квалитетот на производите, нашите клиенти го препознаваат. Според тоа, резултатот од студијата докажува дека Alfa Romeo е на вистинскиот пат.“
















