Ф1-болидите на Alfa Romeo го прославуваат доаѓањето на Tonale

Болидите на Alfa Romeo Orlen на претстојната трка во Азербејџан ќе стартуваат со поклопец на моторот лакиран во зелена боја, со графика што потсеќа на шемата на предните светла на Tonale. Тоа е поздрав од мотоспортот, што италијанската марка го негува уште од 1911 година, во чест на салонскиот старт на новиот СУВ-модел Tonale.

Кога болидите на Alfa Romeo Orlen викендов ќе стартуваат на тркачката патека во Азербејџан, во салоните на италијанската марка премиерно ќе биде изложен новиот Tonale. Поврзаноста на двата настани ќе биде видлива за целиот свет преку болидите C42, чијшто поклопец на моторот ќе биде лакиран во светло зелена боја, и во комбинација со стандардните црвена и бела боја ќе го формира „триколорот“.

Шемата на лакирање на C42 за Азербејџан е дизајнирана во Centro Stile Alfa Romeo, со цел да се поздрави салонската премиера на новиот Tonale. Компактниот СУВ-модел има и дополнителна мисија за марката, затоа што користи благ хибриден погон, со 48-волтен стартер-генератор.

Зелената боја во којашто ќе биде лакиран C42 и Блу Мизано, се двете заштитни бои со коишто новиот модел премиерно се појавува пред светот. Познавачите на марката ќе се сетат дека тоа е нијансата на зелена боја што ја имаше легендарното купе од 1970-те години, Alfa Romeo Montreal.

https://photos.app.goo.gl/pUgVnUBSQ3PM1Ucj7

Препознатливата шема на светлата на Tonale исто така се повикува на историјата на марката. Графиката потсеќа на 3+3 концептот на SZ Zagato и на концептот Proteo.

https://photos.app.goo.gl/BgQ6XqiKy7p45FbLA

Alfa Romeo Montreal
Alfa Romeo Montreal

Повеќе од 15.000 запознавања со новата Alfa Romeo Tonale

Претходна објаваНовата Honda Civic е точно погодена за неделата на дизајнот во Милано
Следна објаваLightyear: Електричниот автомобил што се полни од сонцето е пред почеток на производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here