за

Новата Honda Civic е точно погодена за неделата на дизајнот во Милано

Новата генерација на Honda Civic е дел од Неделата на дизајнот во Милано, со посредство на Vanity Fair. Според дизајнерите, изгледот и на каросеријата и на внатрешноста му одговараат на човекот.

Во знак на одбележување на почетокот на продажбата на новата Honda Civic e:HEV во Европа, автомобилот се најде точно во средишното место на изложбата наречена „Друшвена градина“ на Vanity Fair, во рамките на Неделата на дизајнот во Милано.

Светот ја познава Honda Civic веќе 50 години. Првиот модел под ова име се појави во 1972 година, замислен како „автомобил за луѓето од цел свет“. Тој концепт се почитува до денес и истиот прерасна во начелото „Man-Maximum, Machine-Minimum (M/M)“. Според таа формула се развиваат новите модели на Honda. Јапонците со својата брза марка од тркачките патеки и технолошки моќна марка со имиџот на VTEC, веруваат дека намената на автомобилската технологија и дизајн е да им служат на возачот и на патниците. Новиот Civic се одликува со висок комфор во кабината, одлична прегледност и повеќе простор од кога било досега. На тоа се надоврзуваат висока безбедност и големо возачко уживање.

За почесното место што го ужива Civic, на важниот настан во градот на модата и дизајнот, говори заменичакта директорка на Vanity Fair, Кристина Лукини: „Vanity Fair секогаш цели да биде чекор понапред со љубопитноста и со револуционерниот дух: На оваа Недела на дизајнот, чест ни е во нашата VF Друштвена градина да ги поканиме креативните и динамични умови, чијшто придонес прави квалитетот на нашиот живот да се подобри и да го направи полесен, без да се запоставува влијанието врз животната средина.“

Ова е прво појавување на Civic пред италијанската публика. За тоа говори директорот на автомобилскиот огранок на Honda во Италија, Симоне Матоњо: „Досегашните реакциите за автомобилот се извонредни и улогата на домаќини на Неделата на дизајнот во Милано ни овозможува да се поврземе со нашите клиенти што се повеќе насочени кон дизајнот.“

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот Civic секако дека се очекува да стартува со продажба во Македонија, откако пред неполни два месеци имаше премиера уште еден голем новитет, HR-V. Во меѓувреме, долгогодишниот увозник Макпетрол реши продажбата и присуството на марката, директно пред купувачите и фановите, да им го препушти на дистрибутерите. Тоа е мошне вешт потег, во време кога марката со одлично реноме на македонската сцена се надградува со нови вредности, во ерата на електромобилноста и дигитализацијата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Познатата компанија Ауто Трејд од почетокот на јуни настапува како дистрибутер на Honda. Според жаргонот на јапонската марка, станува збор за 3S-дистрибутер, со тоа што ознаката 3S се однесува на Sales, Services and Spare Parts, значи продажба, сервисирање и резервни делови. Ауто Трејд е компанија што практично го изгради беспрекорниот имиџ на Hyundai на македонската сцена, уште од времето на Accent, Lantra и секако првиот Tucson.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

HR-V е нова генерација Honda и тоа се покажува насекаде

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW M2 ќе биде последен модел на M GmbH без електромотор во погонот

Ф1-болидите на Alfa Romeo го прославуваат доаѓањето на Tonale