за

Дизајнерите на Centro Stile ја изработија колор-шемата за Ф1-болидот на Alfa Romeo

Прочуеното дизајнерско одделение на Alfa Romeo доби задолжение да го осмисли бојадисувањето на C43, болидот на Alfa Romeo F1 Team Stake во новата сезона во Формула 1.

Едноставно, луто и апсолутно прекрасно. Така во тимот на формула 1 на Alfa Romeo гледаат на новиот болид за сезоната 2023. Најбрзата Alfa Romeo беше претставена во исто време во Цирих и во седиштето на тимот во Хинвил, Швајцарија.

Валтери Ботас и Џоу Гуанју ќе ги бранат црвената и црната боја на својот нов болид C43 во претстојната сезона. Новата тркачка машина е претставена преку одушевувачко видео, во коешто C43 се создава од природни суровини и од распрснати делови. Тоа укажува дека тимот претставува унија на индивидуалци што се здружени и секој има важна улога за да обебеди тимот на Alfa Romeo во формула 1 да биде успешен. Шемата е дизајнирана од студиото Centro Stile на Alfa Romeo.

Конструирањето го раководеше тимот на Жан Моншо, моторот е Ferrari. Раководејќи се според промените во правилникот од ФИА за новата сезона, новиот болид доби комплетно нови делови и генерално претставува голем напредок во споредба со ланскиот C42.

Веќе неделава претстои првото возење на тркачка патека, во Барцелона, а кон крајот на месецот ќе бидат извршени и тестирања во Бахреин.

Алесандро Алуни Брави, директор на Sauber Group и претставник на тимот, објаснува дека „нашиот нов автомобил е резултат од повеќемесечна работа, но ова денес е само почетокот на патувањето.“

Quadrifoglio, четирилисната детелина што отсекогаш ги следи тркачките автомобили на Alfa Romeo, се наоѓа од двете страни на болидот, а логото на италијанската марка се забележува уште појасно. Тоа се двата симболи на италијанскиот натпреварувачки дух уште од 1910 година.

Валтери Ботас најдобро знае што го чека сезонава: „Постигнавме прилично солиден прогрес и сега има само еден правец што треба да се следи – нагоре, повисоко и подобро.“ Во истиот тон продолжува колегата Џоу Гуанју, кој вели дека „очекувањата за годинава дефинитивно се повисоки, и сето искуство од мојата почетничка сезона ќе го пренесам во 2023. Со нетрпение чекам да видам што ќе се случи и подготвен сум за напад“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault nissan zastiten znak zaedno

Renault и Nissan ќе го удвојат бројот на дилери во Европа

Првите далечински управувани автомобили возат по европските патишта